Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се воведе комунална полиција и референдумско отповикување – Предлог измените поминаа на Влада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе се воведе комунална полиција и референдумско отповикување – Предлог измените поминаа на Влада
МАКЕДОНИЈА

Ќе се воведе комунална полиција и референдумско отповикување – Предлог измените поминаа на Влада

Објавено May 6, 2025 20:41
Сподели
Сподели

Предлог-измените на Законот за локална самоуправа денеска поминаа на владина седница. Со нив, меѓу другото се предвидува референдумско отповикување на градоначалници, воведување на комунална полиција и поголемо учество на граѓанскиот сектор во носењето одлуки на локално ниво.

Предлог-измените ќе бидат испратени во собраниска процедура и доколку бидат донесени до летово ќе важат за новите градоначалници кои ќе се избираат во октомври на редовните локални избори.

  • По одобрувањето од страна на Собранието, овие измени ќе донесат значителни подобрувања во функционирањето на општините, зголемување на транспарентноста, граѓанското учество и административната ефикасност, велат од Владата.

Измените предвидуваат распишување на референдум за градоначалник доколку 20 проценти од граѓаните побараат предлог за негово разрешување.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински неколкупати досега информираше дека измените не можат да важат ретроградно, што значи дека не може да биде отповикан ниту еден од актуелните градоначалници. Со измените се очекува да се подобри состојбата на локално ниво и сите чинители кои се засегнати да имаат поквалитетно и поиздржано законско решение.

Од Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) попладнево го поздравија поминувањето на предлог-законското решение на Влада и изразија надеж дека овој закон ќе биде донесен од Собранието во најкраток рок.

  • ЗЕЛС ја поздравува одлуката на Владата на РСМ за усвојување на Законот за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа, а особено делот кој се однесува на формирање на општинска комунална полиција Ова е долгогодишно барање на ЗЕЛС и се надеваме дека со овие измени, по донесување на овој Закон, општините ќе обезбедат многу подобри услуги кон своите граѓани, информираа од ЗЕЛС.
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жена ги нападнала свекрвата, сопругот и золвата
Следна Статија Средба на Мицкоски со претставници на Вреди вечерва во Владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитки до граѓаните од христијанска вероисповед, по повод Велигден. „Во овие светли денови на…

April 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филков до СДСМ: Излезете и напуштете ја вашата скафандер политика и помогнете ни работите да ги движиме во вистински правец

Министерот за правда, Игор Филков одговорајќи на пратеничко прашање од СДСМ за наводна партизираност на судството и Судскиот совет порача…

January 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Катерина Зајковска е предложена да ја замени Цвета Ристовска како член на Антикорупциска комисија

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата со мнозинство гласови го усвои предлогот Катерина Зајковска да биде избрана за…

May 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Пет активни пожари, најтешки за гаснење во „Јасен“ и Јажинце

Екипи на ЈП „Национални шуми“, ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) го гаснат пожарот во…

August 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?