Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала
ХРОНИКА

Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала

Објавено May 7, 2025 13:50
Сподели
Сподели

Либерално демократската партија соопшти дека почина Филип Аврамчев, нивен долгогодишен член и поранешен директор на ЈУ „Универзална сала“.

Со длабока тага и неверување се збогуваме со Филип Аврамчев, наш долгогодишен член и актуелен член на партиските органи на ЛДП, докажан либерал и наш истакнат активист и борец.

Либерално демократската партија изразува длабока жал и сочувство до семејството Аврамчеви и најблиските роднини и пријатели.

Не постојат зборови кои можат да ја надоместат загубата и да послужат како утеха во мигови како овој, но Филип ќе го паметиме по ведриот дух, непресушните идеи за подобро утре и моментите поминати заедно како сопартијци, но уште повеќе – како пријатели и партиски другари.

Филип Аврамчев е роден во Скопје, своето образование го стекнува во родниот град, во Оклахома, Атина и во Женева. Помеѓу кариерата во приватниот сектор, беше дел од тимот во 2013 година ви Општина Центар, потоа беше директор на ЈУ „Универзална сала“ – Скопје, за на крај, државниот повторно да го замени со бизнис секторот.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 8.5.2025 (четврток) во капелата на градските гробишта Бутел во Скопје во 11.00 часот.

Другар Филип, нека ти е лесна земјата и нека ти биде светол патот. Почивај во мир“, објави ЛДП.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска Давкова: Граѓаните остануваат посветени на европскиот пат, но ова е неодржлива состојба која не говори само за нас, туку и за кредибилитетот на ЕУ
Следна Статија Најчевска: Јахоски излезе од притвор, обвинителите да си дадат оставка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Исчезнат е Ѓорѓе Серафимовски, семејството бара помош

Се бара 83-годишниот Ѓорѓе Серафимовски (роден 1.5.1942) излегол од својот дом во Фалише утринава во 10 часот со намера да…

September 16, 2025
ХРОНИКА

Се трага по едно лице со македонски пасош по пожарот во Швајцарија

Сè уште нема нови информации за судбината на македонскиот државјанин кој се води како исчезнат по катастрофалниот пожар во ски-центарот…

January 2, 2026
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Во стан во Скопје пронајдени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, ЛСД и други видови дрога

При претрес на стан во Скопје пронајдени се над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, поголема количина ЛСД и други…

July 4, 2026
ХРОНИКА

Случајот за убиствата на Вања и Панче при крај, на втори јуни почнуваат завршните зборови

Заврши доказната постапка во случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски…

May 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?