Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јанев до раководните лица во БЈБ: Функцијата не ви е штит, таа е одговорност, никој не е вечен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јанев до раководните лица во БЈБ: Функцијата не ви е штит, таа е одговорност, никој не е вечен
МАКЕДОНИЈА

Јанев до раководните лица во БЈБ: Функцијата не ви е штит, таа е одговорност, никој не е вечен

Објавено May 7, 2025 18:31
Сподели
Сподели

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев на одбележувањето на Денот на полицијата им испрати порака на раководните лица во Бирото во која им порача дека функцијата не им е штит и дека никој не е над Законот.

-Сакам најдоблесно да им се обратам на сите раководни лица од Бирото за јавна безбедност на сите кои како раководство им дадовме шанса, поддршка. Функцијата не ви е трофеј, таа е одговорност. Не заборавајте дека никој не е вечен. Во едно современо општество не владее поединецот, владее правото. Ако заборавивте зошто сте таму, ќе ве потсетиме, ако мислите дека функцијата ви е штит, грешите. Ние не сме тука за да владееме, ние сме тука да служиме со чест, со работа, со интегритет. Никој не е над законот, па дури ни никој од нас – порача Јанев.

Тој рече дека најважно е што ја почнале најрешителната борба против криминалот и корупцијата.

Без калкулации, без наш и ваш, разбиени се криминални банди, нарко мрежи, терористички келии. Расчистени се децениски нерасчистени убиства откриени се злосторства поврзани со изнуди, нелегална трговија со луѓе, злоупотреби во институции, нелегални игри на среќа. Ја браниме Македонија од внатре и затоа праќаме една силна порака до нечесните: Криминалот не е исплатлив, криминалот нема иднина. Македонија повеќе не е вашиот дом. Ова е држава во која владее законот, а не во која царуваат вашите валкани зделки – рече Јанев.

Директорот на БЈБ посочи дека и неговиот личен пат во полициска служба не започнал во кабинет, туку како млад кадет, на терен, каде што се учи честа, каде се калат вредностите.

-И денес, кога ја носам одговорноста како директор на Бирото за јавна безбедност, ги носам истите вредности – чесност, лојалност, правда. Тогаш, како и денес, верувам во идеалите и вредносниот систем на полициската професија – верувам во идејата дека полицијата е чуварот на државата, и дека униформата и значката што ја носиме е симбол на гордост, чест и одговорност, а не на моќ, нагласи Јанев.

Тој потенцираше дека во чесните полициски службеници, ја гледа силата и надежта, но и генерации кои ќе ја трансформираат безбедноста не со зборови, туку со дела.

На нечесните, пак, им порача: „Криминалот не е исплатлив, криминалот нема иднина. Македонија повеќе не е вашиот дом. Ова е држава во која владее законот, а не во која царуваат вашите валкани зделки.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Втор ден блокиран регионалниот пат Прилеп-Крушево
Следна Статија Вака ќе изгледа новото Југо, дали би го купиле?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Следното рочиште за „Пулс“ на втори декември

Судијката Диана Груевска Илиевска информираше дека утрешното рочиште се отповикува, а на следното рочиште треба да бидат повикани и останатите…

November 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Шеснаесет минути молк и ѕвездено небо во Скопје во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани

Со 16 минутен молк на плоштад „Македонија“ во Скопје започна собирот на граѓани во спомен на жртвите од трагичната несреќа…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше со литургија по повод 1700 години од Првиот вселенски собор

Во археолошкиот локалитет Стоби денеска, на денот спроти Неделата која што сеправославниот свет ја посветува на светите отци од Првиот…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Скопје е денес симбол на истрајноста и солидарноста

62 години од земјотресот во кој Скопје го доживеа најтешкиот момент во својата историја. Земјотресот што го разурна градот однесе…

July 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?