Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хорор во Косово: Татко ги избоде двете ќерки и сопругата – едната ќерка почина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Хорор во Косово: Татко ги избоде двете ќерки и сопругата – едната ќерка почина
БАЛКАН

Хорор во Косово: Татко ги избоде двете ќерки и сопругата – едната ќерка почина

Објавено May 8, 2025 20:47
Сподели
Сподели

Основниот суд во Призрен му одреди мерка притвор од 30 дена на турскиот државјанин М.Г., со привремено живеалиште во Призрен, кој е осомничен дека на брутален начин ги нападнал своите две ќерки и сопругата.

Трагичниот настан се случил во вторникот рано утрото, околу 6 часот, веднаш по утринската молитва, кога осомничениот со нож од типот „бајонет“ ги нападнал членовите од неговото семејство додека спиеле.

Од добиените повреди на самото место починала неговата 15-годишна ќерка, додека 10-годишната ќерка се наоѓа во критична состојба и се бори за живот. Неговата сопруга исто така била избодена и хоспитализирана со тешки повреди.

Обвинителството тврди дека осомничениот, на возраст од околу 45 години, со намера го извршил нападот и бараше изрекување мерка притвор поради опасност од бегство и сериозноста на делата.

Судот го прифати барањето и одлучи да му одреди притвор до 5 јуни. Во соопштението се наведува дека М.Г. е осомничен за три тешки кривични дела: „Тешко убиство“, „Тешко убиство во обид“ и „Неовластено поседување, контрола или поседување оружје“, согласно Кривичниот законик на Република Косово.

„Судот ја зеде предвид тежината на кривичните дела, како и начинот и околностите под кои се сомнева дека се извршени, во семејна средина и врз малолетни лица. Имајќи ја предвид решителноста со која осомничениот ги извршил делата, притворот е неопходен и разумен“, се наведува во судското соопштение.

Дополнително, судот укажа дека осомничениот нема постојано живеалиште во Косово, што дополнително го зголемува ризикот од бегство.

Истрагата е во тек, а јавноста е потресена од бруталноста на делото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прв говор на новиот папа: Да си помагаме едни на други, да градиме мостови
Следна Статија Од Чикаго до Ватикан: Кој е новиот папа Лав Четиринаесети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Од каде ѝ се куќите на Захариева во Бугарија и на Халкидики, се прашуваат европратеници

Две куќи во сопственост на кандидатката за еврокомесарка за истражување и иновации, Екатерина Захариева и на нејзиниот сопруг Ангел Захариев,…

October 6, 2024
БАЛКАН

ЗА ТЕНДЕРИТЕ ЌЕ ОДЛУЧУВА НЕПОТКУПЛИВАТА ДИЕЛА: Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанската Влада, прва во светот, ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција. Таа е 17-член на новиот владин кабинет „Рама4“.…

September 12, 2025
БАЛКАН

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

Премиерот на Словенија, Роберт Голоб свика кризен состанок по насилната смрт на жител на Ново Место, на кој министерката за…

October 26, 2025
БАЛКАН

Се вршат последните тестирања на брзата железница Будимпешта-Белград, ќе се вози до 160 км/час

На железничката пруга Будимпешта-Белград, дел од Коридорот 10 започна последната фаза од техничката сертификација. Од 10 февруари, специјален пробен воз…

February 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?