Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ја гаѓал сопругата со вазна и ѝ се заканувал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Ја гаѓал сопругата со вазна и ѝ се заканувал
ХРОНИКА

Ја гаѓал сопругата со вазна и ѝ се заканувал

Објавено May 9, 2025 19:30
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за две кривични дела, Насилство од член 386 и Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик.

„Осомничениот на 5 мај ја загрозил сигурноста на својата сопруга, така што при вербална расправија пред нивните две малолетни деца почнал да ѝ се заканува, по што зел вазна со која фрлил кон оштетената. Не ја погодил, туку удрил во ѕидот, а оштетената исплашена за својата безбедност веднаш ги зела децата и заминала кај нејзината мајка. На 7 мај, осомничениот со своето возило го пресретнал патот на автомобил во кој била оштетената и уште едно лице, започнал да ги навредува и да им се заканува, а потоа со нога, тупаници и со предмети удирал повеќе пати во возилото. Со овие насилнички дејствија предизвикал чувство на несигурност и страв кај оштетените“, соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиште, обврска да се јавува повремено на одредено службено лице, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница, односно забрана за нејзино издавање, забрана на посетување на одредено место или подрачје, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти со оштетената.

Според КЗ, за делото Загрозување на сигурноста, доколку е сторено при семејно насилство, следува затворска казна од 3 месеци до 3 години. За делото Насилство е предвидена истата затворска казна, од 3 месеци, до 3 години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Човек со нож се закануваше по Широк Сокак, полицијата го уапси
Следна Статија Претседателот на Европскиот совет в четврток во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Зошто беа запалени гевгелиски возила во Карпош 1 (ВИДЕО)

Гевгелиски се двете запалени возила ноќеска во Карпош 1. Настанот се случил ноќеска на паркингот на раскрсницата меѓу улиците „Никола Тесла“…

April 26, 2026
ХРОНИКА

Приведени две лица поради напад на обезбедувањето на болницата „8 Септември“

Двајца мажи од Скопје, на возраст од 44 и 50 години, се уапсени откако во средата попладне предизвикале инцидент и…

July 24, 2025
ХРОНИКА

Судскиот совет веќе ги разгледува списите од претходните случаи на обвинетиот Васил Јованов, вели Камбовски

По изнесените забелешки во јавноста во врска со претходните судски случаи на обвинетиот за сообраќајката на „Партизанска“ Васил Јованов, каде…

February 5, 2025
ХРОНИКА

Обвинение за судијка и сопственици на фирма од Велес поради измама со документи во катастар

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против судијка од Основниот суд во Велес, двајца сопружници – сопственици на ланец аптеки…

January 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?