Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Папата Лав 14ти ја одржа првата миса со порака за враќање на човечноста меѓу луѓето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Папата Лав 14ти ја одржа првата миса со порака за враќање на човечноста меѓу луѓето
СВЕТ

Папата Лав 14ти ја одржа првата миса со порака за враќање на човечноста меѓу луѓето

Објавено May 9, 2025 19:53
Сподели
Сподели

Прв работен ден за папата Лав Четиринаесетти. Поглаварот на римокатоличката црква ја одржа својата прва голема миса.

Ја повика католичката црква да се спротистави на недостатокот на вера кај луѓето и предупреди дека многумина се вртат кон технологијата, парите, моќта и задоволството, наместо кон црквата.

„Недостатокот на вера често е трагично придружен со губење на смислата во животот, занемарување на милосрдието, ужасни повреди на човечкото достоинство, криза на семејството и многу други рани што го мачат нашето општество.“ – Лав 14 поглавар на римокатоличката црква.

Порака за успех до новиот Папа но и надеж дека ќе го продолжи, дијалогот меѓу истокот и западот, испрати вселенскиот патријарх, Вартоломеј. Се надева дека новиот поглавар на Римокатоличката црква ќе работи на исполнување на универзалните идеали за слобода, еднаквост, правда и солидарност.

„Се сеќавам од она што го научив во Рим дека Лав Тринаесетти бил познат по своето социјално учење и општествениот придонес. Се надеваме дека Лав Четиринаесетти ќе се поклони пред придонесот на црквата во светот, не само од општествена перспектива, туку со неговата улога и неговите дела, новиот брат, епископот од Рим дека ќе понуди одговор на егзистенцијалните проблеми, кои и денес продолжуваат да го загрижуваат човештвото.“ – Вселенски патријарх Вартоломеј.

И голем број на светски лидери му честитаа на новоизбраниот папа Лав 14-ти. Францускиот претседател Емануел Макрон повика да донесе мир во светот додека пак за новиот германски канцелар, Фридрих Мерц , папата им дава надеж на милиони верници ширум светот во овие тешки времиња. За Доналд Трамп голема чест преставува тоа што тој е прв американски папа додека пак Шпанскиот премиер Педро Санчез , се надева дека новоизбраниот папа ќе успее да придонесе за зајакнување на одбраната на човековите права.

„Нека неговиот понтификат придонесе за зајакнување на дијалогот и одбраната на човековите права во свет на кој му се потребни и надеж и единство.“ – Педро Санчез премиер на Шпанија.

Кардиналот од Чикаго, Роберт Френсис Превост, по четири круга гласање беше избран за нов папа на Католичката црква по само 24 часа конклава во Сикстинската капела. Познат по својот тивок стил и поддршката за реформите на неговиот претходник Франциско, Превост се залага за социјална правда, еднаквост и поголема отвореност на Црквата.

Роден на 14 септември 1955 година во Чикаго, има диплома по математика, магистратура по теологија и докторат по канонско право од Папскиот колеџ „Свети Тома Акински“ во Рим. Како член на Редот на августинците, тој е ракоположен за свештеник во 1982 година и поминал повеќе години на мисии во Перу, каде што служел и како епископ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трка за гувернер на Народната Банка – Времето истекува, одлуката се уште неизвесна
Следна Статија Во недела ќе се прска против ларви од комарци во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Евакуиран аеродромот Гетвик, лондонската полиција истражува безбедносeн инцидент

Лондонскиот аеродром „Гетвик“ е евакуиран, а на патниците им било кажано да „излезат веднаш и да се држат настрана“ додека…

November 22, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Се појави страшна снимка од пукотницата со калашников во училиште во Шведска

Најмалку пет лица се повредени во пукање што се случи денеска во училиште во Оребро. Неофицијално, медиумите наведуваат дека напаѓачот…

February 4, 2025
СВЕТ

Марко Рубио ќе биде нов Државен сектерар на САД?

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп планира да го избере сенаторот Марко Рубио за следен државен секретар на САД, објави „Њујорк…

November 12, 2024
СВЕТ

Виетнамска тајкунка мора да собере 9 милијарди долари за да не биде погубена

Виетнамска тајкунка за недвижности Труонг Мај Лан е во трка за својот живот. Денес, 68-годишната жена ќе ја слушне судската…

December 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?