Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Истрага против турски државјанин за обид убиство во Скопје: Со метален капак од шахта го удирал оштетениот во глава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Истрага против турски државјанин за обид убиство во Скопје: Со метален капак од шахта го удирал оштетениот во глава
ХРОНИКА

Истрага против турски државјанин за обид убиство во Скопје: Со метален капак од шахта го удирал оштетениот во глава

Објавено May 10, 2025 17:59
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Ноќеска по полноќ на улицата “Метрополит Теодосиј Гологанов” во Скопје, во близина на Клубот на пратеници, со умисла се обидел да лиши од живот друг турски државјанин. По претходна вербална расправија, тие почнале физички да се пресметуваат и си разменувале удари од кои оштетениот паднал повреден на земја.

Во тој момент осомничениот зел метален капак од шахта со кој повеќе пати го удирал оштетениот во главата. Додека оштетениот лежел на земјата во бесознание, осомничениот продолжил да го удира со нозе по главата и телото. Дури и кога на местото пристигнале полициски службеници, тој одбивал да престане со ударите додека не го совладале, со што на оштетениот нанел тешки телесни повреди поради кои во животозагрозувачка состојба тој бил хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот кој немал пријавено престојувалиште во земјава, можност да влијае на сведоци во постапката или да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, соопшти ОЈО.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во следните денови посвежо време со пороен дожд и грмежи
Следна Статија Памер: Македонија ја има најдобрата реформска агенда во Западен Балкан и најдобро ја спроведува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пандов: Во некои затвори над 50 проценти од затворските полицајци се корумпирани, за девет месеци најдени околу 1.000 телефони

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов смета дека проблемот со телефоните, дрогата и останати недозволени работи по…

April 9, 2025
ХРОНИКА

Малолетнички возеле нерегистран мопед и направиле сообраќајка

Вчера во 13.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат од с.Извор кон с.Јасеново, општина Чашка, се…

November 14, 2024
ХРОНИКА

Акција на полицијата во Струмица и струмичко – опсада за 5те тони марихуана

Неофицијално вечерва е во тек полициска опсада на повеќе објекти и локации во Струмица и Струмичко, а воедно и објектот…

February 4, 2026
ХРОНИКА

Убиство во Старата чаршија за време на новогодишната ноќ

Едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено во крвав инцидент што се случи во првите часови од…

January 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?