Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството со детали: Мерки на претпазливост за возач кој дивеел во Чаир
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителството со детали: Мерки на претпазливост за возач кој дивеел во Чаир
ХРОНИКА

Обвинителството со детали: Мерки на претпазливост за возач кој дивеел во Чаир

Објавено May 11, 2025 11:35
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

На 9 мај, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, осомничениот по улицата “Џон Кенеди” управувал автомобил “Рено модус”, но не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и ги довел во опасност луѓето.

Непочитувајќи ги надолжните ознаки на коловозот, односно надолжно обележана удвоена бела полна линија, со возилото свртел во лево, без претходно да се увери дека тоа може да го направи без опасност по другите учесници во сообраќајот или по имотот. Притоа, не водел сметка за положбата, правецот и за брзината на движењето на возилото, со што преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока и во него удрил мотоцикл „БМВ“ кој се движел по левата сообраќајна лента.

Од ударот мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и е хоспитализиран.

Со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката, јавниот обвинител на Судот му предложи да определи мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живелиште односно престојувалиште, обврска на осомничениот да се јавува повремено на одредено службено лице, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница, како и одземање на возачка дозвола, односно забрана за нејзино издавање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филков: Судскиот совет повеќе нема да биде терен за тајни договори, туку арена за интегритет и стручност
Следна Статија Реал Мадрид подготвува нов договор за Винисиус: Бразилецот ќе остане до 2030 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

МВР ТРЕБА ПОАГРЕСИВНО ДА ПРЕДУПРЕДУВА: Пензионер измамен за 10.000 евра за лажна операција на внуката

На 24.02.2026 во 13:30 часот во СВР Битола, 83-годишник од Битола пријави дека бил измамен од едно лице за сума…

February 25, 2026
ХРОНИКА

Пијан возач прегазил 13 годишно девојче и избегал

Денеска во 02.10 часот на ул.„Каменичка“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода…

August 13, 2025
ХРОНИКА

Обид за убиство со нож во Охридски хотел

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против А.Д. (43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за кривично…

August 18, 2025
ХРОНИКА

Таткото на Фросина: Дванаесетгодишна казна е награда за вакво најбрутално убиство во сообраќајот

Дванаесетгодишна казна е награда за вакво најбрутално убиство во сообраќајот. Во држава во која дилерите на дрога и убијци се…

May 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?