Руската страна прави сè за мирно решавање на конфликтот во Украина преку дипломатски средства.
Ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во интервју за ABC News.
Претседателот Путин прави сè што е можно за да го реши проблемот, за да се постигне решение преку мирни и дипломатски методи – нагласи тој.
Рускиот претседател Владимир Путин предложи да се продолжат директните преговори со Киев. Тој истакна дека Москва е подготвена да ги продолжи преговорите без никакви предуслови. Путин предложи дијалогот да започне на 15 мај.