Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Британија: Луѓе кои никогаш порано не го направиле тоа, почнаа да крадат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Британија: Луѓе кои никогаш порано не го направиле тоа, почнаа да крадат
СВЕТ

Британија: Луѓе кои никогаш порано не го направиле тоа, почнаа да крадат

Објавено May 13, 2025 09:19
Сподели
Сподели

Продавниците за храна во Велика Британија забележаа значително зголемување на кражбите од страна на пензионерите во текот на изминатата година поради зголемените цени, според водечката британска фирма за обезбедување продавници Kingdom Services.

Шефот на компанијата Џон Нусбаум изјави дека се повеќе луѓе во Британија крадат храна бидејќи едноставно не можат да си ја дозволат, а дека сега крадат луѓе кои никогаш претходно не го правеле тоа, објави Гардијан.

Тој посочи дека обезбедувањето избегнува да повика полиција кога фаќа пензионери како крадат во продавници. Нусбаум рече дека ширум Британија дневно се пријавуваат од 20 до 30 кражби во супермаркети, продавници и трговски центри.

Тој процени дека пет проценти од сите фатени во кражба од обезбедувањето се постари од 50 години. Нусбаум рече дека до пред пет години организираните банди биле одговорни за кражби, а сега храната ја крадат луѓе кои не можат да ја купат поради високите цени.

Вкупно 516.971 прекршоци за кражби се регистрирани минатата година, што е зголемување од 20 отсто во однос на 429.873 кражби во 2023 година, според Канцеларијата за национална статистика на ОК.

Според овие податоци, кражбата на мало ги чини трговците на мало повеќе од 2,2 милијарди фунти годишно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Робот ја разочара Бијонсе насред настап, реакцијата на пејачката ги насмеа фановите
Следна Статија Кина ја слави победата против Трамп: Договорот за царини дочекан со воодушевување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

ВИДЕО: Уапсен најбараниот наркобос во Еквадор, се криел во бункер под кујната

Најбараниот бегалец во Еквадор, Хозе Адолфо Масијас, познат и како Фито, е повторно фатен повеќе од една година откако избега…

June 26, 2025
СВЕТ

Романската полиција го приведе претседателскиот проруски кандидат, фаворит на изборите

Келин Георгеску, фаворит на проруското крило на романската претседателска трка, денеска беше приведен на сослушување во врска со минатогодишните избори…

February 26, 2025
СВЕТ

Се огласи Трамп по постигнувањето договор за прекин на огнот во Појасот Газа

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп штотуку напиша на платформата Truth Social: „Имаме договор за заложниците на Блискиот Исток. Наскоро ќе…

January 15, 2025
СВЕТ

Околу 250.000 луѓе ќе присуствуваат на инаугурацијата на Трамп

Вашингтон се подготвува за многу работи оваа недела, вклучително и уште неколку дена ниски температури и за претседателската инаугурација и…

January 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?