Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Васил Јованов осуден на 12 години затвор за прегазување на Фросина Кулакова
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Васил Јованов осуден на 12 години затвор за прегазување на Фросина Кулакова
ХРОНИКА

Васил Јованов осуден на 12 години затвор за прегазување на Фросина Кулакова

Објавено May 13, 2025 10:52
Сподели
Сподели

Васил Јованов е осуден на 12 години за прегазувањето на младата Фросина Кулакова, изрече денеска судијата во Кривичниот суд. На изречената казна му се засметува и времето поминато во притвор. Судот му изрече и забрана за управување со моторно возило во период од пет години која опфаќа и забрана за издавање на возачка дозвола која не го опфаќа времето поминато во притвор и затвор.

Денешното изрекување на пресудата следуваше откако на судењето што почна на 9 овој месец обвинетиот Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Според обвинението, на 29 јануари годинава, Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинението се однесува на периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година, во кој тој му дозволувал на својот син да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека нема возачка дозвола и е сторител на сообраќајни деликти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична пријава против Фрчкоски – злоупотребил буџетски средства во САД
Следна Статија Судот е мафија!, извика таткото на Кулакова по пресудата од 12 години затвор за Јованов

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Лишен од слобода возач во Скопје, удрил во пешак кој подоцна починал

Денеска (27.09.2025) во 08:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче во Скопје,…

September 27, 2025
ХРОНИКА

Се заканувал дека ќе ја убие 4 годишната ќерка, му пречело што детето земало играчки – Поднесено обвинение за таткото од Драчево

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје целосно ја заврши постапката, ги прибра сите докази и до Основниот суд во…

June 26, 2025
ХРОНИКА

Директорот на „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми си поднел оставка

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје Сабахадин Рустеми си поднел оставка од функцијата поради морални причини. Ова го соопшти неговиот адвокат…

October 29, 2025
ХРОНИКА

Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром

Тепачка се случила вчера во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром. Според информациите од МВР, вчера во 17:00…

January 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?