Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скопјанец измамил две лица од Куманово-Фиктивно им продал станови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Скопјанец измамил две лица од Куманово-Фиктивно им продал станови
ХРОНИКА

Скопјанец измамил две лица од Куманово-Фиктивно им продал станови

Објавено May 13, 2025 17:05
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.

Пријавениот сопственик на правното лице, со цел да прибави противправна имотна корист за себе и за својата фирма, лажно прикажувал факти дека врши посредување при продажба на станови и возила во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот – Скопје.

Осомничениот 35-годишник од Скопје на две оштетени лица во Куманово им се претставил како вработен во Агенцијата за управување со одземен имот и со нив склучил фиктивни договори за наводна продажба на станови во Скопје и Охрид. Измамените граѓани му уплаќале пари, еден дел во готово, а еден дел на сметка на правното лице, со што осомничениот прибавил вкупна противправна имотна корист од 115.754 евра.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово ќе достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Росица Кулакова повика на протест: Судот по вторпат ја уби Фросина, во оваа земја убиството се исплаќа, правдата е слепа
Следна Статија Ќе се набавува инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите, информираат од Владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Фрлената бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово била активирана, но не експлодирала, соопшти полицијата

Министерството за внатрешни работи објави дека бомбата којашто беше фрлена утрово во клубот на Партијата за целосна еманципација на Ромите…

October 21, 2024
ХРОНИКА

(ВИДЕО) „БМВ“ изгоре на влезот во Тетово

Автомобил „БМВ“ попладнево изгоре на автопатот Скопје-Тетово, на влезот во Тетово, јавува ТВ „21“. Телевизијата неофицијално дознава дека автомобилот се движел во…

March 31, 2025
ХРОНИКА

НОВО РОЧИШТЕ ЗА ПУЛС: Од продавница во Кисела Вода биле легално купувани прскалките на ДНК

Васко Спасовски, ПР и букинг менаџер на музичката група ДНК, денеска сведочеше пред Судот за пожарот во дискотеката „Пулс" во…

March 5, 2026
ХРОНИКА

Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побарани притворски мерки за две лица кои нападнаа новинарска екипа

Постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, Основното јавно обвинителство Скопје поведе итна постапка против две лица – маж…

July 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?