Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонец обвинет во Хрватска за меѓународен шверц на кокаин
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Македонец обвинет во Хрватска за меѓународен шверц на кокаин
БАЛКАН

Македонец обвинет во Хрватска за меѓународен шверц на кокаин

Објавено May 13, 2025 18:11
Сподели
Сподели

Поднесено е обвинение против 31-годишен државјанин на Македонија, осомничен за меѓународен шверц на кокаин. Како што соопшти хрватската Служба за борба против корупцијата и организираниот криминал (УСКОК) завршена е истрагата и поднесено е обвинение до Окружниот суд во Осиек против државјанинот на Македонија, кој беше уапсен минатата година на граничниот премин „Бајаков“.

Според обвинението, од почетокот на 2021 година до ноември 2024 година, осомничениот поврзал неколку непознати лица со цел набавка, транспорт и препродажба на големи количини кокаин во Холандија, Чешка, Македонија и други земји.

Според тврдењата на обвинителството, осомничениот во Холандија најмалку три пати зел најмалку два килограми чист кокаин, кој потоа го скрил во автомобили и го транспортирал во Скопјe, каде што дрогата ја предавал на однапред договорени купувачи.

УСКОК се сомнева дека тој добил 5.000 евра за секоја испорака, со што остварил нелегална финансиска добивка од најмалку 15.000 евра.

Во ноември 2024 година, осомничениот презел три пакети со вкупно 2,9 килограми кокаин од Хаг, кои ги скрил во резервното тркало од багажникот на изнајмено возило.

На пат кон Македонија, каде што требало да ја достави дрогата до клиентите, тој ангажирал возач на кого не му ја открил содржината на пратката. Сепак, на 21 ноември 2024 година, на граничниот премин „Бајаково“, за време на граничната контрола и претресот на возилото, откриена и запленета е дрога, а шверцерот е уапсен.

Во обвинителниот акт, УСКОК предложи продолжување на притворот против обвинетиот, кој се товари за кривично дело неовластено производство и трговија со дрога, сторено како дел од злосторничко здружение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во училиштата
Следна Статија Над 2000 медицински сестри лани ја напуштиле државата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Додик до властите во Сараево: Исламистите депортирани од САД нема да бидат добредојдени во затворите во Република Српска, сместете ги во вашите

Претседаелот на Република Српска, Милорад Додик, му порача на раководството на Босна и Херцеговина дека нема да прифати евентуално депортираните…

February 7, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Сакам избори во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека би сакал предвремени избори да се одржат во декември 2026 година со…

September 13, 2025
БАЛКАН

Поплавите во БиХ однесоа 20 животи, Јабланица отсечена (ВИДЕО)

Министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез, соопшти дека неофицијално добил информации за 20 загинати лица во поплавите и одроните…

October 4, 2024
БАЛКАН

(ФОТО) Ова се следните мети на Звицер

Со убиството на Дарко Недељковиќ Гајслер останаа уште шестмина од списокот на Радован Звицер кои треба да бидат ликвидрани.„Република.рс“ анализира кои…

December 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?