Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење лекови и медицински материјали
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење лекови и медицински материјали
ХРОНИКА

Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење лекови и медицински материјали

Објавено May 14, 2025 11:18
Сподели
Сподели

Спречен обид за криумчарење лекови на граничен премин Деве Баир. Запленети се пет парчиња ампули Genotropin GoQuick од 12 mg што се употребуваат при недостаток на хормонот за раст, 50 вијали Dysport, раствор за инјектирање, коишто се употребуваат при цервикална дистонија и други медицински цели, чиј внес во државата подлежи на посебни дозволи од надлежни институции и истиот е строго регулиран. До сторителот од страна на Секторот за контрола и истраги е поднесена кривична пријава. Случајот го открија царинските службеници на влез во државата на граничен премин Деве Баир при контрола на автобус кој сообраќал на линија Македонија – Турција – Македонија. При тоа во торбата на возачот покрај лековите, пронајдени се и  20 кутии со 170 кг мед, 177 парчиња чоколада, три килограми чај, како и над 40 парчиња фармерки со ознаки на заштитени марки.

  • Мобилен тим заплени над илјада парчиња стоматолошки материјали меѓу коишто, прибор за импланти, материјали за изработка на круни и мостови, материјал за пломбирање заби, средства за белење заби, стоматолошка гума и други стоматолошки материјали. Истите се откриени на влез во државата на граничен премин Богородица при контрола на автомобил со кој патувал македонски државјанин. Сторителот, инаку македонски државјанин, без да ја пријави стоката чиј внес е строго регулиран и подлежи на посебни дозволи, сакал да ја криумчари во државата. Против него е поведена соодветна постапка.

·       Запленети над 600 парчиња очила со диоптер за кои увозник не поседувал дозвола за увоз. Случајот е откриен во царинска испостава Гевгелија при контрола на разна стока со потекло од Кина којашто била пријавена за увозно царинење.

фото: Царина
  • Службата за мобилен скенер на граничен премин Табановце спречи и обиди за криумчарење на УПС уреди што се користат за непрекинато напојување со електрична енергија. Истото е откриено при скенирање на камион како и извршена контрола, при што во кабината се откриени две парчиња УПС уреди „Делта МХ“. Во друг случај при контрола на камион со бугарски регистарски таблички запленети се и околу 300 парчиња облека, коишто биле скриени на различни места во возилото. 
  • Македонец се обидел преку граничен премин Табановце нелегално да внесе шест илјади евра, како и поголема количина облека, но и обувки, чанти и паричници коишто сакал да ги шверцува без за нив да плати давачки. Во истото е спречен од царинските службеници кои поради сомневање го застанаа автомобилот со кој патувал за детална контрола при што е пронајдена непријавената стока. Патникот со себе носел 16 илјади евра, при што согласно Законот за девизно работење вратени му се десет илјади евра, а останатите се запленети. Покрај тоа во багажниот простор во неколку торби е пронајдена и останатата непријавена стока, меѓу која околу 100 парчиња облека, седум пара обувки, две чанти и два паричници, при што истата е запленета. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Царинските службеници на граничниот премин Табановце спречија и обид за шверц на мотоцикл за крос, пронајден во автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал македонски државјанин. При контроли на граничниот премин откриени се и обиди за шверц на 20 парчиња каиши за затегнување стока печатач, над 70 парчиња облека, делови од уреди и друга стока што патниците не ги пријавиле на влез во државата, со цел избегнување плаќање давачки. 

На граничниот премин Табановце е откриен и случај на прекршочно дело каде патник се обидел нелегално да внесе над две илјади парчиња разни предмети со религиозен карактер (дрвени крстови, плетени бројаници, бројаници од монистри и метални и дрвени приврзоци). Случајот е откриен при контрола на автобус  кој сообраќал на релација Белград-Уранополис, при што во торбата на патникот е откриена непријавената стока.

·       При контрола на три камиони и еден автомобил на влез во државата на граничниот премин Богородица се запленети 58 штеки цигари. Возачите на камионите ги скриле штеките на цигари на различни места, под душекот на креветот, во преградата за алат, но и во филтерот за воздух. Во сите случаи на контрола, царинските службеници успешно ги открија намерите на возачите, при што се спречени во обидите за криумчарење на цигари. Од почетокот на годинава до сега севкупно на ниво на цела царинарница Гевгелија запленети се 700 штеки цигари.

·       Над дванаесет парчиња употребувани делови за возила, како и нова пумпа за кочење за товарни возила, се пронајдени во багажникот на автомобил со косовски регистарски таблички, со кој косовски државјанин се пријави за влез во државата на граничниот премин Дојран.  Против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се наоѓаме најблиску досега до крај на војната во Украина, тврди американски дипломат
Следна Статија Дукоски за Фрчкоски: Човечка амеба, ултра искомплексирана, до небо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Завршни зборови во повторениот судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресудата на 16 мај

Во Основниот суд во Тетово денеска се одржаа завршните зборови на Обвинителството, одбраната, обвинетите и правните застапници на оштетените семејства…

May 12, 2025
ХРОНИКА

Нови апсења во Кочани: Приведени се 13 началници и полицајци

Нови апсења денеска во Кочани, а поврзани со пожарот кој се случи во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 62 лица,…

June 12, 2025
ХРОНИКА

Драма на Бит Пазар: Арачиновец пукал во воздух кога две лица го застанале и се обиделе да го извлечат од возилото

Драматично вчера попладне на Бит Пазар. Триесет и двегодишен маж од Арачиново, Скопско, пријавил дека додека се движел од автомобилот…

December 8, 2024
ХРОНИКА

Почина Раим Баки, виртуозот кој сними над 600 песни и настапуваше со Сариевски, Бадев и Илиева

Во неговата богата кариера тој сними над 600 песни и настапуваше со најпознатите македонски пејачи како Сариевски, Бадев и Васка…

April 6, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?