Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Арбен Таравари ја достави оставката, му било чест да работи за владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Арбен Таравари ја достави оставката, му било чест да работи за владата
ПОЛИТИКА

Арбен Таравари ја достави оставката, му било чест да работи за владата

Објавено May 15, 2025 17:04
Сподели
Сподели

Арбен Таравар ја достави својата оставка до претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

„Со ова писмо Ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата Министер за здравство на Република Северна Македонија. Одговорноста што ја преземав со оваа функција ја извршував со максимална посветеност, транспарентност и чувство за должност кон граѓаните и државата. Одлуката ја носам по внимателна, лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи. Ви благодарам за довербата и можноста да бидам дела од Владата во еден исклучително значаен период за здравствениот систем. Останувам отворен за соработка и поддршка во иднина секогаш водејќи се од јавниот интерес“, стои во оставката.

Во Собранието веќе се лицитира колкумина од петте пратеници ќе останат во Алијанса, предводена од Таравари, а колку од нив ќе преминат во Вреди, но и колкумина од опозицискиот Европски фронт, предводен од ДУИ, ќе се приклучат кон владејачкиот табор.

Денес пратеничката група на ВЛЕН, без пратениците на Алијансата за Албанците од крилото на Арбен Таравари, испрати официјално барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, за промена на координаторот на пратеничката група на ВЛЕН. На барањето се потпишани девет пратеници.

Како што пренесуваат дел од медиумите во земјава на албански јазик, наместо пратеникот Халил Снопче, за координатор на пратеничката група на Влен е избран пратеникот Беким Ќоку кој доаѓа од редовите на косовското движење Самоопределување.

Пратениците Мерита Колчи Коџаџику и Аднан Азизи се избрани за заменици координатори на пратеничката група на ВЛЕН.

Се уште не е познато колку пратеници од крилото на Таравари ќе продолжат со него во опозициските клупи или ќе останат во редовите на владината коалиција составена од четири партии од албанскиот блок.

За денеска беше најавена и оставката на министерот за здравство, но, како што претходно информира спикерот Гаши, се уште не пристигнала до неговиот кабинет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СЕПА: Напредува подготовката на банките за приклучување во европската платежна инфраструктура во октомври 2025 година
Следна Статија Мицкоски најави средба со британскиот премиер Кир Стармер и добри вести за Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Прва седница на новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ и кадровски освежувања

Вечерва имаше прва редовна седница на новиот состав на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Во рамките на кадровските освежувања, Извршниот Комитет…

February 9, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува политиката на Груевски, популизам и поделби наместо реформи

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашното гостување на Канал 5 зборуваше за реалноста со која се соочуваат граѓаните под…

July 15, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ: Упатуваме апел до Премиерот да ги прекине заканите

Премиерот на нелегитимната влада денес повторно јавно се закани на политичката активност на политичките партии, злоупотребувајќи ги државните институции за…

December 8, 2024
ПОЛИТИКА

Села смета дека нема ништо лошо што Таравари се среќава со Ахмети

Немам право, како и другите лидери на партии во Европскиот фронт што немаат право да се мешаат на кој било…

April 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?