Денвер со 119-107 ја победи Оклахома во шестиот натпревар од полуфиналната серија на западот и се избори за мајсторка која ќе одлучува за патникот во конференциското финале.
Шестиот натпревар беше луд и полн со пресврти. Денвер имаше двоцифрена предност во првата четвртина, Оклахома во втората, а потоа пред самиот крај на третата четвртина Денвер повторно се одвои на плус десет и таа предност не ја испушти до крајот на натпреварот.
Никола Јокиќ блескаше со 29 поени, 14 скокови и осум асистенции и беше испратен од теренот со извици од навивачите „МВП!“.
Српскиот кошаркар имаше одлична поддршка на теренот од Џамал Мари (25 поени, осум скокови и седум асистенции) и Кристијан Браун (23 поени, 11 скокови и пет асистенции).
Од другата страна, Шеј Гилџес-Александер постигна 32 поени и шест асистенции.
Одлучувачкиот седми натпревар ќе се игра во Оклахома во недела од 21:30 часот, а победникот ќе игра во финалето на Западната конференција против Минесота.