Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грција втора во светот со 623 наградени плажи со „Сино знаме“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Грција втора во светот со 623 наградени плажи со „Сино знаме“
БАЛКАН

Грција втора во светот со 623 наградени плажи со „Сино знаме“

Објавено May 16, 2025 10:05
Сподели
Сподели

Меѓународната награда за квалитет „Сино знаме“ оваа година ја добија 623 грчки плажи, 17 марини и 17 туристички јахти, со што Грција ја задржа втората позиција меѓу 52 земји од целиот свет по сини знамиња за квалитетот на водата за пливање, заштитата на животната средина, организацијата и безбедноста на посетителите, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и организацијата која управува со меѓународната програма „Сино знаме“ соопшти дека во Грција континуирано се зголемува бројот на наградени места, а и ова година наградите се над 600.

Од вкупно 52 земји учеснички во програмата, Грција има 15 отсто од наградените плажи.

Регионот Крит го задржува првото место меѓу регионите со 153 знамиња, а Халкидики е на првото место меѓу грчките префектури со 93 знамиња.

Во програмата право на учество имаат организирани плажи, марини и јахти, а за да се добие наградата потребно е да се исполнат строги критериуми што се однесуваат на квалитетот на водата, безбедноста на посетителите, квалитетот на услуги, заштита на животната средина итн.

Оваа година, Меѓународниот комитет наградил 4.302 плажи, 736 марини и 158 туристички јахти од целиот свет, а според наградите, на прво место е Шпанија, втора е Грција, а трета Турција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Палевски тврди: Само тројца учествувале во грабнувањето на Панче, а не четворица
Следна Статија Рама ја дочека на колена италијанската премиерка Џорџа Мелони

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Бројни полициски тимови распоредени низ Белград

Српската полиција распореди голем број припадници во Белград во обид да се зачува мирот поради најавениот протест на студентите во…

June 28, 2025
БАЛКАН

Ѓоковиќ: Се надевам дека состојбата во Србија ќе се смири, на раб сме на граѓанска војна

Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Њујорк каде што се подготвува за поход кон својата 25. гренд слем титула во…

August 23, 2025
БАЛКАН

Поплавата предвреме ги одвои од синот: Брачна двојка загина во Јабланица

Брачната двојка Адела (36) и Ведад Туфек (39) загинаа во Јабланица, каде се родени и каде живееја заедно до ноќта…

October 6, 2024
БАЛКАН

И Црногорците ќе ги бојкотираат продавниците

Црногорската невладина организација Институт алтернатива, по успешната акција во Хрватска, ги повика граѓаните на 31 јануари да ги бојкотираат супермаркетите…

January 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?