Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Што прифати Ковачевски во 2022 година за кое Кошта рече дека мора да се исполни: Уставни измени без никакви гаранции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Што прифати Ковачевски во 2022 година за кое Кошта рече дека мора да се исполни: Уставни измени без никакви гаранции
МАКЕДОНИЈА

Што прифати Ковачевски во 2022 година за кое Кошта рече дека мора да се исполни: Уставни измени без никакви гаранции

Објавено May 16, 2025 18:12
Сподели
Сподели

Се сеќавате во летото 2022 година кога тогашната влада во која главниот збор го имаше ДУИ, а за СДСМ беа обични измеќари на секој начин се обидуваше да покаже некаков успех во евроинтеграциите? Претседавач со ЕУ беше Франција и во соработка со Бугарија го измислија т.н француски предлог. Неговата содржина беше, кажано фудбалски кажано 10-0 за Бугарија.

Тогашниот премиер Димитар Ковачевски дури отиде во Брисел и го кажа историското „Не“ како што Тито му рекол на Сталин. Но, зборот на Таче му држеше два-три дена кога рече дека за Македонија сега е прифатилив модифицираниот француски предлог кој во суштина беше ист само малку нашминкан.

И во вистинскиот и во модифицираниот суштината беше иста, а тоа е дека мораме да ги внесеме Бугарите во Устав за да поченеме преговори за членство. Клучниот збор е да ги „започнеме“, без никакви гаранции дека Бугарија нема да не блокира веќе на второто поглавје. Најважното е што Ковачевски прифати обврска што не може да ја испорача бидејќи за уставни измени е потребно двотретинско мнозинство а за што немаше согласност од тогашната опозиција.

Владата на СДСМ и ДУИ прифатија и протоколи поврзани со Договорот за добрососедство и добрите меѓусоседски и билатерални односи критериум кои Бугарија може во секој момент да ги толкува како сака и да бидат повод за ново вето.

За овој договор вчера претеседателот на Евопскиот совет Антонио Кошта ни рече дека нема план „Б“ и оти Македонија мора да го прифати.

Совршено добро сфаќам кога премиерот вели дека веќе е променето знамето, името, измени во Уставот и треба да бидеме сигурни дека никој нема да дојде и да побара ништо повеќе од она што претходно било договорено. Она што е договорено и сега треба да испорачаме, не ни треба план „Б“.Треба да го испорачаме план „А“, рече Кошта.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски и Стармер договорија стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство
Следна Статија Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Завршени вештачењата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и за Онкологија

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека се завршени вештачењата за предметите поврзани со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е голем празник, три пати треба се измиете со света црковна вода

Православните христијани денеска ќе го празнуваат Светиот цар Константин и неговата мајка Елена. Царот Константин Велики и неговата мајка царицата…

June 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Нов криминал со шверц на половни возила од странство: Инволвирани цариници, шпедитери, возачи

Царинската управа преку Секторот за контрола и истраги откри и спречи организирана мрежа во која увозници, шпедитери, возачи вработени во…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата и парламентарното мнозинство се стабилни и покрај превирањата во Вреди, после 1 мај ќе се знае дали Таравари останува

Владата и парламентарното мнозинство се стабилни, се огласија вчера премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по седницата на Централниот…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?