Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФФМ го поништи натпреварот Кожув – Башкими, дисциплинска постапка против двата клубови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ФФМ го поништи натпреварот Кожув – Башкими, дисциплинска постапка против двата клубови
СПОРТ

ФФМ го поништи натпреварот Кожув – Башкими, дисциплинска постапка против двата клубови

Објавено May 16, 2025 20:09
Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го поништи денеска натпреварот од 28 коло во Втората Македонска фудбалска лига меѓу Кожуф и Башкими од 6 мај.

Како што е соопштено, бодовите од натпреварот не се доделуваат на ниту една екипа, постигнатите голови не се евидентираат и не влегуваат во евиденција на дадени голови на фудбалерите.

„Комисијата, имајќи го предвид Правилникот за натпреварување, но и етичкиот аспект на случајот, со цел заштита на интегритетот на натпреварувањето и зачувување на угледот на фудбалот како спорт, ја донесе оваа одлука со која се настојува да се избегне какво било легитимирање на неспортски и неетички дејствија, кои се спротивни на вредностите на ФФМ“, се наведува во соопштението.

Дополнително, Дисциплинската комисија на ФФМ поведе дисциплински постапки за недозволено влијание на исход и тек на натпревар против спортскиот директор и шефот на стручниот штаб на Кожуф, Пепи Ѓоргиев и Славчо Ѓеоргиевски, а поведена е дисциплинска постапка и за двата клубови.

„Случајот не е затворен и Одделот за безбедност и интегритет продолжува со активна проверка на сите релевантни аспекти поврзани со натпреварот, поради основано сомнение за нарушување на интегритетот на натпреварот“, наведе ФФМ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кратко траеа преговорите меѓу Русија и Украина – барањата на Москва неприфатливи за Киев
Следна Статија Влада на Обединетото Кралство со соопштение за одлуката за стратешко партнерство со Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Дончиќ и Леброн го поништија учинокот на Брансон – Лејкерси го победија Њујорк

Лос Анџелес Лејкерс ги победија Њујорк Никс со 113:109 по продолжение на домашен терен и го забележаа осмиот последователен триумф…

March 7, 2025
СПОРТ

Македонските ракометари денеска одмараат пред утрешниот меч со Катар

 Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 29:29 со Австрија во првиот натпревар од Главната рунда на Светското првенство 2025. Избраниците на…

January 22, 2025
СПОРТ

Историски момент за македонскиот моторспорт: Иџе дебитира на EuroNASCAR!

Македонското знаме ќе се вее меѓу големите европски имиња на тркачките патеки! Трикратниот европски шампион во ридски трки, Игор Стефановски…

October 9, 2025
СПОРТ

(ВИДЕО) Тежок судир на трката во Формула 2

Огромен инцидент се случи денес во Формула 2 и најпрво да кажеме дека сите тројца инволвирани возачи се добро. Возачите…

June 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?