Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Брза карго и патничка железница, инвестиции во здравство: Мицкоски соопшти каде ќе се инвестираат парите од договорот со Велика Британија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Брза карго и патничка железница, инвестиции во здравство: Мицкоски соопшти каде ќе се инвестираат парите од договорот со Велика Британија
МАКЕДОНИЈА

Брза карго и патничка железница, инвестиции во здравство: Мицкоски соопшти каде ќе се инвестираат парите од договорот со Велика Британија

Објавено May 17, 2025 11:00
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство претставува втор столб на нашата меѓународна позиционираност по стратешкото партнерство со САД, истакнувајќи дека е потврда оти нашата држава чекори по патот на стабилноста, безбедноста, развојот и европската иднина.

Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство ќе биде основата и фундаментот на инвестициски циклус кој ќе има вкупна рамка од пет милијарди фунти односно шест милијарди евра. Дел од парите ќе бидат за инвестиции во инфаструктурата, изградба на модерна карго и брза патничка железница од Табановце до Гевгелија, инвестици во здравстото и нови болници, завршување на проектот на Клиничката болница во Штип, заедно со зградата на новиот Медицински факултет, студентски дом со капацитет од 900 легла, изградба на болницата во Кичево, заедно со здравствен дом, реконструкција на Клинилката болница во Тетово. Во наредниоте денови ќе се потпишат договори и за овие инвестици, рече Мицкоски на заедничка прес-конференција со британскиот амбасадор Метју Лосон во Владата.

Лосон оцени дека договорот е врвен момент во билатералната врска меѓу двете земји, изградена на заедники вредности, заеднико членство НАТО и мошне богата трговска врска. Ние сме големи инвеститори и биританската Влада реши да го надградува тоа преку договор меѓу двете влади кој се фокусира на трговија и инвестиции за да се креира поголем раст и стотици милиони фунти од кои граѓаните на оваа земја ќе имаат корист заедно со граѓаните на нашата земја, рече Лосон.

Мицкоски, на новинарско прашање за условите за најавените инвестиции, рече дека се работи на деталите и се најдобрите што некој може да ги има на пазарот.

Ги знам отприлика бидејќи веќе се преговара со месеци и можам да кажам дека се најдобрите што може да ги има на пазарот, но тоа се уште не е финиширано, не е конечно иако сме блоску до конечно решение. Многу скоро од денеска и тоа ќе биде објавено, репер ние Еурориборт, и два фиксни параметри, грејс период и долг период на отплата, рече Мицкоски.

Мицкоски и британскиот премиер Кир Стармер вчера на средба во Тирана одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница, оценија дека договорот за стратешко партнерство ќе значи уште посилна соработка, поцврсти односи и можност за продлабочување на односите.

Договорот е резултат на повеќемесечни интензивни преговори меѓу дипломатски и експертски тимови од двете страни. Се оценува како историски и се очекува да отвори нови перспективи за соработка во клучни области како безбедноста, економијата, инвестициите, образованието, дигиталната трансформација и климатските промени.

Со потпишувањето на договорот, Македонија треба да добие пристап до британска експертиза, финансиска поддршка за реформи и можности за британски инвестиции во стратешки сектори како енергетиката, инфраструктурата и иновациите. Дополнително, соработката ќе опфати и засилен политички дијалог, како и координација во рамки на меѓународните институции и глобалните безбедносни предизвици.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овде телефоните се забранети овде, а Wi-Fi не постои: Нема да верувате што е дозволено во овој град
Следна Статија Нема да има мигрантски кампови во Македонија: Амбасадорот Лосон ги демантира шпекулациите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Фатен препишувач на полагањето матура, си го стопира времето зацела една година

Петнаесет илјади матуранти денес полагаа испит по мајчин јазик, првиот од двата екстерни испити од државната матура. Дел од учениците…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР: Не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце

Министерството за внатрешни работи ги демантира невистините објавени во дел од порталите, дека наводно бил вратен стариот систем на контрола…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски за изјавата на бугарскиот министер дека е „северномакедонски“ премиер: Тоа е како кога глушецот го задева лавот

Тоа е како кога глушецот го задева лавот, вака денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја квалификува изјавата на бугарскиот…

July 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска, посочи дека освен наставниците и професорите, покачување од пет проценти ќе добие…

October 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?