Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Пола држава остана без струја и никој не е виновен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Пола држава остана без струја и никој не е виновен
ПОЛИТИКА

СДСМ: Пола држава остана без струја и никој не е виновен

Објавено May 18, 2025 13:56
Сподели
Сподели

Распад на системот по само нецела година од владеењето на “експертскиот“ тим на ВМРО-ДПМНЕ во секторот енергетика. Додека, Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, раскажува приказни на телевизија, како секторот за енергетика почнал да се развива, откако таа е поставена за министер, во реалноста се случуваат хаварии, прво пред почетокот на викендот во рудникот Суводол, се случи хаварија на јаловинскиот систем, поради лизгање на погонската станица ОТ до одлагачот, при што нултиот јаловински систем ќе биде надвор од употреба најмалку 2 до 3 недели. И за ова замислете нема никаква информација од страна на партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ во ЕСМ и РЕК Битола, велат во соопштение од СДСМ.

Во продолжение реакцијата

Дополнително, од брифингот на министерката дознавме дека ЕСМ како најголем производител потфрлил цели 35% од својот план за производство за 2025 година, и дека истиот им бил преамбициозен. Ја прашуваме министерката за енергетика, рударство и минерални суровини која нели е експерт по енергетика, како е можно да се направи преамбизиозен план, а нели претходното раководство оставило хаос?

Второ, денес пола држава е сведок на “способното“ раководство на ВМРО-ДПМНЕ во енергетиката, како пола држава остана без струја и се разбира не е виновен никој, туку регионот па дури и цела Европа.

Граѓаните после една година, очекуваат конкретни одговори на прашањата поврзани со изградбата на новите енергетски проекти, кои ги најавуваа во својата партиска платформа 1198, меѓутоа не добија никаков одговор, туку распад на системот. После една година од министерувањето на Сања Божиновска во ново формираното министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, можеме да заклучиме дека не се случува ама баш ништо а и министерката се однесува како да не е од тука. До кога министерке ќе се вадите на претходното раководство за вашите неостварени ветувања.

Да се потсетиме, пред само една недела, по повод блекаутот во Шпанија, министерката во изјава дадена за медиумите, тврдеше дека тоа што ни се случи во Шпанија, не може да ни се случи на нас и веднаш се докажа спротивното, односно се потврди дека министерката не знае што се случува на терен ниту во производството ниту во преносот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Македонското градежништво ќе расте, очекувам градежниот сектор во Македонија повторно да стане меѓународно конкурентен
Следна Статија Пратеникот Сулејмани од Алијансата поднесе оставка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадите ќе собира предлози за локалните избори

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, денеска најави почеток на теренска кампања под мотото „Предложи! Вистинската идеја за вашата општина!“. Во…

August 25, 2025
ПОЛИТИКА

Зоран Заев се најде во мемоарите на Ангела Меркел

Бившата германска канцеларка Ангела Меркел ја објави својата книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“, дело со кое повторно го сврте светското внимание…

November 27, 2024
ПОЛИТИКА

Тачи потврди: Јас и ДПА веќе не сме дел од „Европскиот фронт“

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, вечерва соопшти дека тој и неговата партија повеќе не се дел од…

October 7, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче им порача на членовите на СДСМ да гласаат по сопствено убедување

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека во општините каде што СДСМ нема кандидат…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?