Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Папата Лав XIV вети работа на единството на Католичката црква, која треба да биде симбол на мирот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Папата Лав XIV вети работа на единството на Католичката црква, која треба да биде симбол на мирот
СВЕТ

Папата Лав XIV вети работа на единството на Католичката црква, која треба да биде симбол на мирот

Објавено May 18, 2025 13:28
Сподели
Сподели

Папата Лав XIV во својот денешен говор на инаугуративната миса на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан вети дека ќе работи на единството, за Римокатоличката црква да стане симбол на мирот во светот.

Американските медиуми пренесуваат дека во својата проповед пред десетиците илјади верници, светски и црковни претставници, папата Лав рече дека сака Римокатоличката црква да биде обединета.

Повикот на папата за единство е значаен со оглед на поларизацијата во Римокатоличката црква во САД и пошироко, наведуваат американските медиуми.

Претходно, на папата му беа врачени официјалните симболи на неговата папска функција:  палиумот, литургиската облека, и папскиот – рибарски прстен.

Литургиската облека е изработена од јагнешка волна, што ја симболизира улогата на папата како пастир на верниците. Палиумот се носи преку рамо и се прицврстува со три иглички што личат на шајките на Христовиот крст.

Папскиот прстен, познат и како Пискаторски прстен, го симболизира односот на папата со Свети Петар, кој бил рибар.

Прстенот се уништува или крши по смртта на папата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Крвава матурска вечер во Сараево, навивачи со палки и факели претепаа матуранти
Следна Статија Николоски: Македонското градежништво ќе расте, очекувам градежниот сектор во Македонија повторно да стане меѓународно конкурентен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Бербок за три месеци потрошила 20.000 евра за шминка

Според информациите до кои дошол Билд, цитирајќи владини податоци, екс-германскиот канцелар Олаф Шолц одвоил речиси 590.000 евра јавни средства за…

July 20, 2025
СВЕТ

Милано: Од Нова година, пушењето е забрането и на отворено

Пушењето на отворени јавни места во Милано веќе нема да биде дозволено од 1 јануари следната година, освен ако пушачите…

December 19, 2024
СВЕТ

Молдавски олигарх е уапсен во Атина: Има најмалку 4 пасоши и бројни вили

Апсењето е извршено благодарение на информациите добиени од грчкиот Интерпол, објави порталот Mezha.net. Тој бил придружуван од Константин Цуцу, поранешен молдавски пратеник…

July 22, 2025
СВЕТ

Кремљ: Путин не планира да му честита на Трамп, САД е непријателска земја

Кремљ ја призна „јасната победа на Доналд Трамп“, но вели дека не знае за какви било планови на рускиот претседател…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?