Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Оклахома го прегази Денвер, со +32 ја доби мајсторката (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Оклахома го прегази Денвер, со +32 ја доби мајсторката (ВИДЕО)
СПОРТ

Оклахома го прегази Денвер, со +32 ја доби мајсторката (ВИДЕО)

Објавено May 19, 2025 08:19
Сподели
Сподели

Оклахома сити Тандер ги декласираа Денвер Нагетс во мајсторката и се пласираа во финлето на Западот. Седмиот меч од полуфиналната серија Тандер го добија со 125:93 (21:26, 39:20, 37:26, 28:21).

Денвер подобро влегоа во натпреварот, стекнаа двоцифрема предност, но играта им се распдна во последните 90 секунди од првиот период кога Јокиќ седна на клупата. Од крајот на првата и почетокот на втората четвртина Тандер направија серија 13:0 го презедоа водството и не го испуштија до крајот.

До финишот на вториот период Денвер некако се држеше на минуус од три поени, но Тандери со две серии од по 7:0, заминаа на полувреме со 60:46.

Ништо не се промени во почетната фаза од третата четвртина. По само две минути, Оклахома постигна девет поени и стигна до огромни +23 – 69:46. Третиот период Тандер го завршија со +25 (97:72), а кога по три минути од последниот период разликата надмина 30 поени, тренерот на Денвер, Дејвид Аделман, ги повлече стартерите од теренот и реши да ја „испразни клупата“.

Оклахома доминираше во офанзивниот скок (15), со агресивната одбрана, особено над Јокиќ го натера Денвер на 23 загубени топки. Нагетс лошо шутираа за три поени, погодија само осум тројки од 42 одбини (19 отсто).

Шеј Гилџис-Александер го заврши натпреварот со 35 поени. Вилијамс постигна 24 поени со седум асистенции, а Холмгрен запиша дабл-дабл со 12 поени и 11 скока.

На другата страна, Никола Јокиќ запиша 20 поени, девет скока и седум асистенции, но вистинска поддршка доби само од Кристијан Браун (19 поени, четири скока, три асистенции), Џамал Мареј постигна 13 поени, со 30 отсто реализиција од поле. Арон Гордон се појави на теренот и покрај повредата, мечот го заврши со осум поени и 11 скокови.

Оклахома во финалето на Западот ќе игра против Минесота, серијата ќе започне во среда од 2.30 часто по македонски време.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ТФТ првпат ќе игра во финалето од македонскиот плејоф
Следна Статија Романците изгласаа проевропски претседател

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Полицаецот на Максимир: Бараа да го убијам Бобан

На денешен ден 1990 година, на Максимир започна распадот на поранешна Југославија. Црвена звезда играше против Динамо, а никој немаше…

May 13, 2025
СПОРТ

(Видео) Јунајтед во нестварен натпревар го елиминира Лион

Манчестер јунајтед, Атлетик Билбао, Тотенхем и изборија пласман во полуфиналето во Лига Европа. Три од четирите натпревари останаа во сенка…

April 18, 2025
СПОРТ

(Видео) Реми на Звезда и Селтик, Динамо го победи Фенербахче

Започна новата сезона во Лига Европа. Регионалните великани Динамо Загреб и Црвена звезда играа дома. „Модрите“ го победија Фенербахче со…

September 25, 2025
СПОРТ

Јевгениј Кафелников: „Вистинскиот срам е она што се случува во денешниот тенис“

Оние кои најдолго беа број еден во светот беа позитивни на допинг тест оваа година. Ова никогаш досега не се…

November 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?