Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Блокиран влезот на зградата на судот и Обвинителството во Нови Сад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Блокиран влезот на зградата на судот и Обвинителството во Нови Сад
БАЛКАН

Блокиран влезот на зградата на судот и Обвинителството во Нови Сад

Објавено May 19, 2025 09:00
Сподели
Сподели

Од рано утрото пред судот и Обвинителство во Нови Сад се собираат на протести граѓани и активисти и ја блокираат зградата, во обид да издејствуваат ослободување на шест активисти, приведени пред 60-на денови.

Меѓу приведените е и професорката Марија Васиќ, која е префрлена пред четири денови во затворската болница во Белград откако штрајкуваше со глад.

Во 5:45 часот наутро, сите четири влезови на судската зграда и канцеларијата на обвинителот се блокирани.

Интервентната полиција исто така од утрото е пред зградата.

На официјалниот влез пред судот се и членови на опозициски партии.

Претходниот ден, до полноќ, беше обележан со немири на граѓани и на активисти на СНС пред просториите на таа партија во Нови Сад.

Совети на граѓани, здруженија на граѓани, студенти, неформални групи и истакнати поединци, опозициски партии и невладини организации и за денеска најавија дека е бидат пред Централниот затвор/Затворска болница во Белград, за да и се помогне и поддржи на притворената професорка Марија Васиќ.

Неколку протести со истите барања веќе беа организирани минатата недела пред судот во Нови Сад.

Шест активисти и студенти на опозициското Движење на слободни граѓани (ПСГ) и организацијата Студенти против авторитарната власт (СТАВ) се во притвор веќе 60 дена откако беа обвинети за обид за соборување на уставниот поредок, а во вторникот судот им го продолжи притворот за уште 30 дена.

Уште шест активисти на СТАВ се обвинети за истото кривично дело, но тие се во странство и недостапни за полицијата.

Сите се обвинети врз основа на аудио-снимка од нелегално прислушуван разговор, емитуван на српски телевизии на 14 март.

Адвокатите на одбраната на обвинетите постојано тврдат дека Безбедносно-информативната агенција (БИА) нелегално го прислушкувала разговорот и додаваат дека аудио-снимката не може да биде правно валиден доказ во процесот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Фото) Шпионот на Путин „падна“ поради селфито во џакузи
Следна Статија Овој град ќе стане дом на новата највисока станбена зграда во светот: Најмалиот стан ќе чини 5 милиони долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ВИДЕО) Пукање во училиште во Турција: Напаѓачот со пушка рани најмалку 18 лица

На југот на Турција, утрово се случи вооружен инцидент во средно стручно училиште во округот Сиверек, кога вооружен маж наводно…

April 14, 2026
БАЛКАН

Вучиќ: Залудно се надевате, власта во Србија ќе остане непроменета

Српскиот претседател Александар Вучиќ на социјалните мрежи најави дека за утре е закажан состанок со американските претставници за енергетиката, вклучително…

January 1, 2025
БАЛКАН

Koста Кецмановиќ пукал 55 секунди, промашил само 11 куршуми

Продолжува судњето на Коста Кецмановиќ. На вчерашното рочиште беа откриени нови детали дека малиот убиец пукал 55 секунди во своите…

November 8, 2024
БАЛКАН

Бугарија загуби 600 милиони евра во грантови од ЕУ

Бугарската влада најави дека ќе се откаже од грантови од 600 милиони евра од ЕУ за проекти според Планот за…

March 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?