Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ивановски откри детали за договорите со Обединетото Кралство: Инвестиции во железничката инфраструктура во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ивановски откри детали за договорите со Обединетото Кралство: Инвестиции во железничката инфраструктура во Македонија
ЕКОНОМИЈА

Ивановски откри детали за договорите со Обединетото Кралство: Инвестиции во железничката инфраструктура во Македонија

Објавено May 19, 2025 13:55
Сподели
Сподели

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, денес одржи прес-конференција на тема: „Проекти кои произлегуваат од договoрите со Обединетото Кралство”.

-Покрај соработката во областа на одбраната и безбедноста, продлабочување на трговските и инвестициските  врски, соработката во образованието и здравството, сериозен акцент се става и на инвестициите во инфраструктурата, потенцирајќи ги инвестициите во железничката инфраструктура. Факт е дека Железница е најеколошкото, најбрзото и најбезбедното копнено превозно средство, но од друга страна факт е дека изминативе години, па и декади, нашата железница е целосно магинализирана и дека состојбата во која што се наоѓа е критична и далеку од посакуваната состојба, рече Ивановски.

Тој посочи дека пред една година товарниот сообраќај во Македонија скоро и да беше замрен.

-Патничкиот сообраќај десеткувано намален, целосно укинати меѓународни конекции, а добар дел од градовите во Македонија останаа речиси со никакво железничко поврзување. Оваа состојба ќе ја промениме. Почнувајќи веднаш, рече тој.

-Како дел од инфраструктурните инвестиции е опфатена железничката пруга долж коридорот 10, од границата со Србија до границата со Грција. Железничкиот коридор започнува од Австрија, преку Словенија, Хрватска, Србија, Македонија и завршува во Грција, рече тој.

Потенцира дека Македонија има одлична инфраструктурна географска и стратешка позиционираност и тоа треба веднаш да се искористи.

Побара еднаш засекогаш Македонија да се бетонира на мапата на товарниот железнички сообраќај.

-Еден од главните двигатели на економијата во Македонија може да биде токму товарниот железнички сообраќај. Грчките пристаништа бележат континуиран пораст на сообраќајот  што нам и тоа како ни оди во полза. За таа цел, од страна на МЖ Инфраструктура, ќе го вклучиме Градежниот факултет во Скопје, ќе изработиме проектна задача за максимално одржливо решение за целосна реконструкција на постоечката траса и кревање на брџината до 160 км/ч на патничкиот и до 120 км/ч за товарниот сообраќај, рече тој.

Паралелно со постојната ќе се изгради и целосно нова пруга со што ќе има два колосека при што максимално ќе се исправат кривините и ќе се намали должината на пругата.

-Рокот за изградба е пет години од почетокот на градбата, а се очекува градбата на почне за околу 9 месеци по потпишувањето на договорот. Изведувачот истовремено ќе ја проектира и ќе ја изведува железничката линија. Прво ќе се гради новата траса која ќе биде паралелна со постојната, а потоа ќе се реконструира веќе постојната железничка линија од Табановце до Гевгелија. Со градежната активност ќе биде опфатена и пругата со која ќе се поврзе железничката станица во Скопје со аеродромот во Петровец, информира Ивановски.

Најави дека есенва ќе почне целосна реконструкција на делот од железничката пруга од Драчево до Илинден, како и делот од Зелениково до Скопје кој ќе биде во состав на градскиот воз, а воедно ќе се реконструира и железничката станица во Скопје.

-Со преземените активности и целосна модернизација и изградба на новата пруга планираме Македонија повторно да ја вратиме на железничката мапа. Македонија има одлична инфраструктурна, географска и стратешка позиционираност, а товарниот железнички сообраќај може да биде еден од главните двигатели на економскиот развој, рече Ивановски.

Потенцира дека во земјава Коридорот 10 се одвива по течението на реката Вардар во должина од околу 230 километри. Моменталната пруга е со еден колосек на кој се одвива и товарниот и патничкиот сообраќај. Пуштена е во употреба во 1873 година и досега претрпела измени, надградби и ремонти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните-модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството
Следна Статија Искршени фотографи од петтемина штипјани загинати во пожарот во кочанскaтa дискотека

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска на конфереција во Црна Гора: СЕПА – двигател на конвергенцијата со ЕУ

Вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, учествуваше на панел дискусијата „СЕПА и земјите од Западен Балкан: Катализатор за приближување кон…

June 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Нова инвестиција во Штип, фабрика за производство на батерии со 150 вработувања

Потврдена нова инвестиција во индустриската зона во Штип. Премиерот Христијан Мицкоски по денешниот работен состанок во УЈП истакна дека се…

June 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Започна со работа фабриката „Магна Мехатроникс“, инвестиција околу 40 милиони евра и вработувања на 600 лица

Канадската компанија „Магна мехатроникс“ денеска отвори фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Инвестицијата во новиот капацитет со површина од…

April 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

На скопскиот аеродром пристигна првиот чартер лет на „Фрибрд ерлајнс“ со 180 германски туристи

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, менаџментот на ТАВ и директорот на…

February 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?