Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трагедија во Струмица, пронајден починат матурант
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Трагедија во Струмица, пронајден починат матурант
ХРОНИКА

Трагедија во Струмица, пронајден починат матурант

Објавено May 20, 2025 10:32
Сподели
Сподели

Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на локација позади складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, на место „Крива река“, бил пронајден починат М.А. (19), матурант во едно од струмичките средни училишта.

Според обвинителката Виолета Милчовска, телото на момчето било предадено на обдукција и од досегашните наоди нема знаци на насилство и се чекаат токсиколошките анализи за да имаат појасна слика за причините за смртта.

И од полицијата потврдуваат дека вчера околу 12 часот било пријавено дека во близина на Струмица, на необработена нива, било пронајдено безживотно тело на 19 годишно момче од Струмица.

– Лекар констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. По наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција, се наведува во информацијата од СВР Струмица.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за смртта на момчето и како тоа завршило на локацијата каде бил пронајден.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангеловска-Бежоска: Според ЕБРД, Извештајот има прогрес, но и потреба од зајакнување на структурните реформи за повисок животен стандард
Следна Статија ЕУ бара прекуатлантско трговско примирје откако царините ја притиснаа автомобилската индустрија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кавадарчанка го пријавила поранешниот партнер за вознемирување

Кавадарчанка пријавила вознемирување од поранешниот партнер, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. – Синоќа во 22.10 часот во…

July 29, 2025
ХРОНИКА

Кривична пријава за поранешен директор во струмички „Комуналец“

На ден 29.04.2025 година од страна на СВР Струмица е поднесена кривична пријава против лицето З.Г. поранешен директор на ЈПКД…

April 29, 2025
ХРОНИКА

Насилно влегол во планинарскиот дом „Караџица“ и предизвикал пожар

На 06.12.2024 во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 30.11.2024 до 06.12.2024 непознат сторител со…

December 7, 2024
ХРОНИКА

ОЈО бара притвор за девет лица во предметот „Адитив“

По вчерашната успешно спроведена акција и донесената Наредба за спроведување на истражна постапка против 23 лица, денеска предметните обвинители до…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?