Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Законски регулирана дополнителната и сезонската работа во државата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Законски регулирана дополнителната и сезонската работа во државата
ЕКОНОМИЈА

Законски регулирана дополнителната и сезонската работа во државата

Објавено May 20, 2025 18:50
Сподели
Сподели

Собранието во рамки на денешната работа по дневниот ред на 49-тата седница едногласно со 73 гласа „за“ ги донесе дополнувањата на Законот за работно ангажирање на лица, со кои работно ангажирано лице може да биде лице кое не е во работен однос, вработено лице, самовработено лице, лица помлади од 18 години кои согласно општите прописи од работните односи ги исполнуваат условите за засновање на работен однос, студенти, корисник на семејна и старосна пензија, со исклучок на корисници на семејна пензија по основ на неспособност за работа и самостоен живот и странец кој има регулиран престој согласно закон.

Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека со овој закон се регулира дополнителната и сезонската работа во државата, а лицата кои ќе бидат ангажирани по овој однос нема да ги загубат стекнатите права по другите односи. Законското решение, додаде, ќе биде поддржано со грант од 200 илјади евра од германска институција.

-Од него сите ќе имаат полза и државата која ќе го полни буџетот, работодавачите кои ќе можат да најдат вработени и граѓаните кои ќе имаат можност да работат и да бидат платени и да се ангажираат во делот што го сакаат. Предност ќе имаат угостителство, земјоделството и услужната дејност кои имаат недостаток на вработени, а доколку ги прошириме дејностите може да се направи дисбаланс на пазарот на трудот. Ќе можат да работат студенти, пензионери, социјално загрозени лица ,.., со што согласно закон не им се прекинува правото кое го имаат на пензија, на социјална помош, на студирање, а ќе може да бидат ангажирани и средношколци, рече Стојаноски.

Државата, посочи, ќе им ги плати давачките, пензиско и здравствено осигурување. На овој начин нови 30 илјади вработени ќе бидат ставени во системот.

Собранието денеска со 59 гласа „за“ и 7 „против“ ја избра Бујаре Абази за комисионер и претседател на Комисијата за хартии од вредност (КХВ).

Заменик министерот Николче Јанкулоски истакна дека јавниот оглас за избор на претседател на КХВ беше објавен во три дневни весници, а Комисијата за избор утврди дека Абази ги исполнува условите и ги има потребното искуство од минимум пет години и потврда за познавање на англиски јазик.

Собранието како основач денеска им даде овластување на Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ и Универзитетот во Тетово поединечно да склучат колективен договор со нивните синдикати. Без расправа го донесе и Законот за изменување и дополнување на Законот за надворешни работи.

Собранието во рамките на 49-тата седница ја заврши општата расправа за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за дивечот и ловството, за изменување на Законот за фитофармација, за изменување и дополнување на Законот за животната средина, за изменување и дополнување на Законот за основното образование, за изменување и дополнување на Законот за средното образование и за изменување на Законот за високо образование, сите во прво читање, и заклучи дека се прифатливи и да се дадат на натамошно, односно второ читање

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Независните кандидати полесно ќе стануваат градоначалници и пратеници
Следна Статија Сите куќни работи направете ги денес: Утре е голем празник, а ова никако не треба да го правите!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Злато и сребро во возбудлива година со историски рекорди

Цената на златото скокна за повеќе од 60% годинава и достигна рекордно ниво од над 4.549 долари.

January 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Јапонска 40-годишна државна обврзница достигнува рекордни 4% по прв пат

Приносот на 40-годишната јапонска државна обврзница достигна 4%, највисоко ниво откако е воведена во 2007 година, што претставува историски момент…

January 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

Стапките на депозитите со благ раст, каматите на кредитите опаѓале и во јули

Просечните каматни стапки на банкарскиот сектор во јули ја продолжија тенденцијата на различни движења: каматите што се пресметуваат на кредитите…

August 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот

Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека 27 април 2026 година е последниот ден од законскиот рок за поднесување на…

April 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?