Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се намалат ли летово гужвите на граница: Грција го зголемува граничниот персонал и ќе го надгради преминот Евзони
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Ќе се намалат ли летово гужвите на граница: Грција го зголемува граничниот персонал и ќе го надгради преминот Евзони
БАЛКАН

Ќе се намалат ли летово гужвите на граница: Грција го зголемува граничниот персонал и ќе го надгради преминот Евзони

Објавено May 21, 2025 10:21
Сподели
Сподели

Итна надградба на граничниот премин Евзони, со воведување дополнителни мерки што ќе ги забрзаат контролите и ќе го намалат повеќечасовното чекање за влез и излез од Грција, било одлучено на состанокот свикан од заменик-министерот за внатрешни работи надлежен за областа Македонија-Тракија Константинос Јулекас и секретарот на децентрализираната администрација на истиот регион Јоанис Савас, јави дописничката на МИА од Атина.

Надградбата на копнените гранични премини на Грција, меѓу кои и оној кон нашата земја беше најавена на почетокот на годинава, а се очекува да се намали времето на чекање, кое минатото лето на Богородица-Евзони, поради големиот број туристи, во одредени денови достигнуваше и до 5 часа.

Од Министерството за внатрешни работи на Грција, од секторот Македонија и Тракија соопштија дека на состанокот одржан вчера на граничниот премин Евзони се разговарало за надградбата што ќе се одвива на две нивоа.

Едното се однесува на зајакнување персоналот на граничниот премин, „барање доставено до политичкото раководство на надлежните министерства со цел да се скрати времето за проверка на податоците“.

Второто се однесува на функционалното подобрување на инфраструктурата и според планот, целосното реновирање на објектите ќе биде завршено во текот на 2026 година со целосна промена на изгледот на целиот граничен премин.

Заменик-министерот за Македонија и Тракија Константинос Јулекас по состанокот рече дека покрај целокупната надградба на објектите, се обидуваат да преземат мерки за решавање на проблемите, особено во текот на летниот период.

– Овие мерки се однесуваат на тоа како можеме при влезот и излезот да го олесниме поминувањето за да немаме повеќечасовни застои. Се обидуваме да ја зголемиме и брзината на информацискиот систем, за побрзо да се завршува контролата при влез во Грција. Она што разговаравме е да се забрзаат царинските и пасошките контроли и како да успееме, оние што доаѓаат во нашата земја или заминуваат да го видат токму со она што сме, сликата на Европа – рече Јулекас.

Секретарот на Децентрализираната администрација на конкретната област посочи дека приоритет на Владата е надградбата на граничните премини и објасни дека тие подготвиле студија што е испратена до надлежните министерства, а потоа ќе следат следните чекори.

– Средбата што се одржа беше за да се утврди како ова лето да помине во подобри услови – нагласи секретарот.

Според информациите од состанокот, во 2024 година на граничниот премин Евзони биле проверени околу 5 милиони пасоши, а во првите четири месеци од годинава околу 1 милион.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средината на јануари годинава, како што тогаш објави МИА, осврнувајќи се на заложбите на Владата за 2025 година, го спомена и подобрувањето на работата на граничните премини и објасни дека надградбата започнува со преминот Кипи во Еврос кон Турција, а потоа ќе следи надградба на сите главни копнени гранични премини (Кастаниес кај Еврос, Евзонои, Лемос во Преспа, Какавија и Кристалопиги).

„Нивната сегашна слика не е соодветна за европска држава како Грција. За прв пат по децении, ќе се изврши градежна и технолошка обнова на сите централни влезни/излезни точки во земјата, со цел побрзо да се опслужуваат посетителите и трговскиот транспорт. Намалувањето на времето на чекање на влезовите и излезите на земјата ќе придонесе за економска и туристичка стимулација на северна Грција, од Тракија до Епир“, напиша тогаш Мицотакис.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски исто така во јануари, соопшти дека „со Грција работиме на забрзување на граничниот премин Богородица и за многу кратко време ќе работиме на реконструкција на граничните премини на Дојран и на Меџитлија со цел тие три гранични премини да се функционални“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп откри повеќе детали за американскиот систем за воздушна одбрана „Златна купола“
Следна Статија (Видео) Жестока тепачка меѓу навивачите на Манчестер Јунајтед и Тотенхем пред финалето на Лига Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(Видео) Силни ветрови, грмотевици и град: невреме ја погоди Хрватска

Силно невреме погоди неколку делови од Хрватска во четврток вечерта. Го погоди и регионот на Загреб, за кој Државниот хидрометеоролошки…

June 27, 2025
БАЛКАН

Додик остана без дипломатски пасош

Откако Милорад Додик одби да го исполни барањето на Министерството за надворешни работи на БиХ за враќање на дипломатскиот пасош,…

September 3, 2025
БАЛКАН

Студент од Србија си го загубил паричникот на бензиска во Куманово, Македонец го пронашол и му го испратил на Закинтос

Патувањето од Белград до Закинтос за еден студент од Србија за малку ќе се претвореше во вистински кошмар. Младиот белграѓанец…

August 26, 2025
БАЛКАН

Колку чини сместување во Грција оваа сезона?

Без разлика дали планирате да престојувате во луксузен хотел, апартман или камп, дознајте што да очекувате од цените за сместување…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?