Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АРМ и НАТО подготвени: Борбени хеликоптери „APACHE“, тенкови Леопард и вооружување дел од големата мултинационална вежба на Криволак
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > АРМ и НАТО подготвени: Борбени хеликоптери „APACHE“, тенкови Леопард и вооружување дел од големата мултинационална вежба на Криволак
МАКЕДОНИЈА

АРМ и НАТО подготвени: Борбени хеликоптери „APACHE“, тенкови Леопард и вооружување дел од големата мултинационална вежба на Криволак

Објавено May 21, 2025 13:26
Сподели
Сподели

Унапредување на регионалната безбедност, зајакнување на подготвеноста на НАТО како и поддршка на одбранбените планови на Алијансата е целта на мултинационалната вежба „Immediate Response 25“ која од 26 мај до 9 јуни ќе се одржи на армискиот полигонот Криволак.

Како што информираше денеска началникот на генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски оваа вежба е една од најголемите досега во државава во која ќе учествуваат околу 2200 војници од седум НАТО земји и две партнерски.

-Вежбата меѓу другото има цел да ја подобри интероперабилноста меѓу сојузничите и партнерските сили како и заедничко дејствување во сложени услови и брза реакција на силите во источниот дел на Европа, истакна Лафчиски.

Ко-директорот на вежбата потполковник Ристо Стоев појасни дека сценариото на вежбата, која е дел од серијалот на вежби „Defender 25“  е демонстрирање на безбедносните способности и зајакнување на сајбер-одбраната преку реализација на мултинационални боеви гаѓања, сајбер вежба, премин преку река и АБХО вежби. Нагласи дека вежбата ќе ги потврди капацитетите и умешноста за организирање и координација на големи вежби заедно со другите армии на НАТО.

Унапредување на регионалната безбедност, зајакнување на подготвеноста на НАТО како и поддршка на одбранбените плнови на Алијансата е целта на мултинационалната вежба „Immediate Response 25“ к

На вежбата на АП Криволак ќе учествуваат Македонија со 950 припадници на Армијата, САД со 710, Црна Гора со 185 учесници, Косово со 150, Австрија со 70, Грција 50, Албанија 30, Италија 30 и обединетото Кралство со двајца учесници. 

Сите единици ќе користат своја формациска опрема, а како позначајни ќе бидат тенковите Леопард, борбените хеликоптери „AH-64 APACHE“, транспортни медицински хеликопртери Blek hawk, инженериско возило „Хаски“, минофрлачи 120милиметри, транспортен хеликоптер Ми 8/17 и оклопни возила JLTV i HMMWV. На вежбата ќе се користи стандардна маневарска и боева пешадиска и артилериска муниција.

Во рамки на вежбата, односно пред официјалниот почеток, на 23, 24 и 25 мај, воените оркестри на Армијата на Македонија и САД ќе одржат концерти во Штип, Битола и Скопје, а отворен ден за граѓаните со приказ на опрема од вежбата ќе се одржи на 1 јуни во Кавадарци. Денот за високи гости ќе се одржи на 2 јуни кога ќе се реализира вежбата „Засилен пешадиски баталјон во напад“. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија И потпретседателката Абази го напушти Таравари, доби нова функција во владата
Следна Статија Царината заплени тутунски производи, автоделови, ветеринарни лекови, девизи, облека

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Граѓани денеска почнаа целосна блокада на Дошница

Граѓани од цела Македонија, здружени преку иницијативи како Спас за Дошница, Зелена народна стража и Changemakers4all, започнаа целосна блокада за…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Отворена предистрага за дупката од над седум милиони евра во Агенцијата за одземен имот

Недостасуваат седум милиони евра во државниот буџет, кои од страна на Агенцијата за одземен имот не биле уплатени, а се…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Локализиран пожарот кај Бешиште, Мариово

По околу две недели под контрола е ставен пожарот кај Бешиште, Мариово до грчката граница. Заменик-командирот во прилепската противпожарна единица,…

July 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Градежен хаос во Дебар Маало – „Шанса за Центар“ обвинува за прекршување на права и загрозување на безбедноста

Иницијативата „Шанса за Центар“ алармира за хаотична и контроверзна градба што се изведува во срцето на Дебар Маало, во непосредна…

July 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?