Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски во Лондон, преку Инструментот за поддршка на извозот шест милијарди евра за Македонија 
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски во Лондон, преку Инструментот за поддршка на извозот шест милијарди евра за Македонија 
МАКЕДОНИЈА

Николоски во Лондон, преку Инструментот за поддршка на извозот шест милијарди евра за Македонија 

Објавено May 21, 2025 17:23
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска и официјално ја почна работната посета на Обединетото Кралство со средба во Лондон со претставници на Инструментот за поддршка на надворешното финансирање во британското Министерство за финансии, јави известувачот на МИА од Лондон. 

Николоски оцени дека оваа средба е најважна во рамки на посетата, појаснувајќи дека на станало збор за деталите за средствата кои Македонија може да ги користи во следниот период. 

-Се работи за пет милијарди фунти кои се ставаат на располагање на Македонија, нешто што беше потврдено од Инструментот за поддршка на надворешното финанисирање. Можам со задоволство да кажам дека овие пет милијарди фунти или шест милијарди евра по овој состанок и дефинитивно се ставени на располагање на Македонија. Може да се користат за проектно финансирање, врзани се со проекти, што значи дека ќе носат додадена вредност за Македонија, изјави Николовски. 

Тој посочи дека станува збор за проекти во делот на транспортот, здравството, образованието, енергетиката, технологијата, како и во областа на животната средина. 

– Разговаравме три сета на проекти. Едниот е брзата пруга на Коридор 10, од Табановце до Гевгелија, вториот е изградбата на болниците во Кичево, Тетово и во Штип, а третиот изградба на на медицински факултет и студентски дом во Штип. Ова се три сета проекти што се веќе потврдени. По потпишувањето на договорот влада со влада утре и ратификацијата во македонското Собрание ќе почнеме и официјални разговори во однос на начините на финансирање и начините на реализација на овие проекти и за многу бргу ќе можеме да излеземе со тие детали, рече Николоски.

Во македонската делегација се и вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски, а утре ќе  им се приклучи и министерката за образование Весна Јаневска.  

Николоски очекува мошне успешна посета на Велика Британија, во рамки на која денеска попладне на агендата се политичките средби. 

– Ќе имаме средба со министерот за внатрешни работи, со министерот за одбрана и секако утре со министерот за економија и извоз со кого заеднички ќе го потпишеме допговорот влада со влада, најави Николоски.

Тој го појасни процесот на ратификација во двете земји. 

– Кај нас договорот ќе се ратификува во парламентот, додека во Велика Британија го усвојува Владата. Потоа договорот станува ефективен и веќе влегуваме во официјални разговори и преговори за реализација на проектите. Јас кажав дека мојата амбиција е дека во текот на летото ќе имаме договори, а доцна наесен и работа на терен, рече вицепремиерот Николоски. 

Текстот на договорот што ќе биде потпишан утре вчера беше усвоен од македонската Влада, откако двете држави постигнаа согласност за стратешко партнерство. в

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Случајот за убиствата на Вања и Панче при крај, на втори јуни почнуваат завршните зборови
Следна Статија Снимката од бензиската станица во Велес која треба да биде презентирана во судот веќе ја објави контроверзен српски политичар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Двајца локални „супер херои“ од Дојран веќе три недели сами го чистат каналот на Ѓавато

Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина на својот фејсбук профил сподели статус во кој сподели една необична приказна за двајца локални „супер…

August 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гаши: Во јануари ќе донесеме календар за работа, мора да прекине пристапот дека Собранието е гласачка машинерија за закони

Во Собранието мора да преовлада взаемната почит помеѓу пратениците, па и на различни политички партии. Ако не се почитуваме ние…

December 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Секоја година државата ќе инкасира од 100 до 120 милиони ера, вели Мицевски за договорот со Обединетото кралство

Стратешка позиционираност на Македонија во регионот, развој на инфраструктурата, здравството, енергетиката, науката, зацврствување на институциите… ќе овозможи Договорот за стратешко…

May 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

АХВ: Градоначалникот на Кочани глумејќи инспектор ја оцрнува нашата стручност

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро го осудува обидот на в.д градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, за оцрнување…

June 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?