Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се намалуваат увозни царини на 70 производи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ќе се намалуваат увозни царини на 70 производи
ЕКОНОМИЈА

Ќе се намалуваат увозни царини на 70 производи

Објавено May 22, 2025 18:35
Сподели
Сподели

Намалување на царинските стапки за околу 70 производи, главно репроматеријали и суровини, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочсока, денеска на средба во Стопанската комора.

„Во владина процедура е предлог-законско решение со кое ќе се намалат царинските стапки на повеќе производи, со што ќе овозможиме компаниите повеќе да произведуваат и повеќе да извезуваат.Од 1 јули ќе се изрши намалување до 50% од царинските стапки кои важат во ЕУ и дополнително во наредниот период уште 50% ќе бидат намалени“, рече министерката за финансии.

На средбата, која што претставува редовна комуникација со бизнис заедницата, стана збор за прашања кои се однесуваат на предвидливоста во бизнисот, актуелни теми, како и спроведување анкети меѓу членките со цел детектирање на прашања на кои треба да се работи за подобрување на бизнис условите и пружањето услуги од страна на администрацијата кон приватниот сектор.

Претседателот на СКСМ Бранко Азеско потенцираше дека бизнис заедницата е задоволна од она што го презема Владата, но дека тоа оди со побавно темпо.

Упати барање 70% од работите што ќе се изведуваат при спровдување на проектите поддржани преку Договорот за стратешко партнерство со Обеиднетото Кралство, да бидат реализирани од страна на домашните компании. Изрази задоволство од реализацијата на унгарскиот заем наменет за компаниите и дека тој ќе се спроведе како што било планирано. Во однос на солидарниот данок наведе дека е постигнато заеднички да се намали рокот во кој државата ќе го врати кон компаниите од оној до 5 години утврден со одлуката на Уставниот суд и дека заеднички ќе се утврди и модалитетот на враќање.

Министерката за финансии во врска со реализацијата на проектите коишто ќе добијат поддршка преку Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, наведе дека стануа збор за рамка од 5 милијарди фунти кои ќе може да се повлекуваат во наредните 10 години, а повлекувањето ќе се одвива врз основа на готови проекти. Средствата за финансирање ќе се бараат откако ќе има готов проект и дека условите ќе зависат од рокот на отплата, но при изборот ќе се користи изворот кој ќе даде најповолни услови.

„Британската Влада со овој Договор застанува зад Македонија и гарантира дека ние ќе ги вратиме средствата“, наведе министерката за финансии.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсени полицајци – дозволиле студенти од Турција нелегално да престојуваат во земјава
Следна Статија Дурмиши им ја нуди Попова Шапка на Саудијците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трамп најавува планови за намалување на правилата за ефикасност на гориво за автомобили

Извршни директори од Ford, GM и Stellantis се придружија на претседателот додека најавуваше планови за повлекување на правилата кои ги…

December 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски- Памер: Нови авиолинии и зголемување на економската соработка

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска остави работна средба со амбасадорот на Австрија во Македонија,…

January 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Кока-Кола именува нов главен извршен директор Хенрике Браун

Извршниот потпретседател и главен оперативен директор на Кока-Кола, Хенрике Браун, ќе стане главен извршен директор на 31 март.

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Управата за јавни приходи (УЈП) потпишаа Меморандум за соработка, кој има за…

December 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?