Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Каја Калас во официјална посета на Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Каја Калас во официјална посета на Македонија
МАКЕДОНИЈА

Каја Калас во официјална посета на Македонија

Објавено May 23, 2025 08:15
Сподели
Сподели

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија, во рамки на нејзината тридневна турнеја низ Западен Балкан. За време на посетата, Калас се очекува да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и ќе пренесе пораки за приоритетите на ЕУ во надворешната политика и безбедноста.

Како што информираат од Делегацијата на ЕУ во земјава, за време на посетата Калас ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата, по што ќе следи заедничка прес-конференција со премиерот во Владата. Подоцна, заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и министерот за одбрана, Владо Мисајловски, Калас ќе учествува на отворањето на дијалогот за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Македонија во рамките на Партнерството за безбедност и одбрана потпишано во ноември 2024 година, кој ќе се одржи во Министерството за надворешни работи во 14 часот. Овој дијалог, како што информираат од Министерството за надворешни работи и трговија, претставува важен чекор во продлабочувањето на соработката меѓу Република Македонија и Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика, како и во понатамошната интеграција на земјата во европската безбедносна архитектура.

Високата претставничка Калас и министерот за одбрана Мисајловски во 14.30 часот ќе го посетат седиштето на Балканската медицинска наменска сила во касарната „Илинден“, каде што ќе се сретнат со членовите на Постојаната организација на Балканската медицинска наменска сила (БМНС) и ќе видат дел од опремата набавена од страна на БМНС со поддршка на Европскиот мировен фонд. Калас и Мисајловски, исто така, ќе имаат обраќање пред медиумите во врска со соработката меѓу ЕУ и Македонија во областа на одбраната и безбедноста. За време на посетата, како што информираат од Министерството за одбрана, командантот на БМНС ќе изврши краток брифинг за оваа регионална организација и ќе биде презентирана дел од пристигнатата опрема која е донација од Европската унија преку Европскиот мировен фонд.

Од 2023 година, Советот усвои три билатерални пакети за поддршка во рамките на Европскиот мировен фонд (ЕМФ) за зајакнување на капацитетите на Армијата на Македонија. Со вкупно 38 милиони евра, ЕМФ во моментов ѝ обезбедува на Македонија воена опрема и обука во областа на логистиката, инженерството, разузнавањето, надзорот и извидувањето и електронското војување, мобилноста, комуникациските и информациските системи, медицинската и опремата за обука.

Македонија, исто така е корисник на поддршката на ЕМФ во рамките на регионалната мерка за помош за Балканската медицинска наменска сила, во износ од 6 милиони евра за обезбедување медицинска опрема и теренски болници.

Посетата на високата претставничка за надворешни работи Калас ќе заврши во Јуроп Хаус каде што ќе разговара со група млади луѓе.

Ова е втора посета на Калас на регионот по нејзиното преземање на должноста, откако претходно од 7 до 9 април престојуваше во Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина. Пред да допатува во Скопје, Калас ги посети Белград и Приштина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓоковиќ со победа го прослави роденденот
Следна Статија За првпат во Македонија потврдени два случаи на мајмунски сипаници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Перински пред гласањето на 12 септември: Ако не се донесе законот, градоначалниците ќе останат без контрола

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, потврди дека институциите прават максимални напори новите измени на Законот за локална самоуправа да…

August 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневски: Тошковски, преврти ја Македонија, камен на камен да не остане нечепнат

И ете ги, се јавија манипулантите. Ги изнесоа студентите на протест. „Спонтан“, се разбира, како и шарената револуција. Сакаат да…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Професионално спроведени акции во кои се разбиени две криминални групи, очекувам се повеќе такви во иднина

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на ТВ Клан Македонија на прашање за резултатите во борбата против криминалот…

October 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во 15 часот и 46 минути започнува пролетта

Пролетта во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 15 часот и 46 минути. Во исто време на јужната…

March 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?