Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Храната на Балканот и во цела Европа е неоправдано скапа, покажуваат анализите на ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Храната на Балканот и во цела Европа е неоправдано скапа, покажуваат анализите на ЕУ
СВЕТ

Храната на Балканот и во цела Европа е неоправдано скапа, покажуваат анализите на ЕУ

Објавено May 23, 2025 10:44
Сподели
Сподели

Голем број на држави во ЕУ по бојкотирање на маркетите спроведоа анализи со кои докажаа дека цените за храна се зголемуваат неоправдано. Бугарија беше меѓу првите држави која проба да направи нешто во врска со драстично зголемените цени.

Бугарската влада обезбеди околу 5 милиони евра почетен капитал определени за почеток на нов проект „Продавница за народот“. Овој проект има за цел отварање на ланец продавници кои, во најголем дел, ќе продаваат само домашни производи со маржа не поголема од 10 проценти. Целта е овие продавници да бидат отворени во посиромашни и рурални средини. Бугарскиот министер за земјоделство Георги Тахов тврди дека во тие делови населението најмногу е погодено од инфлацијата. Тие се помалку можат да трошат пари на храна. Со ова се повеќе домашни производи полесно, без некој поголем посредник, ќе бидат директно доставени кон крајните потрошувачи.

Медиумите во ЕУ и на Балканот пренесуваат здружена оценка на произведувачите и потрошувачите да повисоките цени на храната доведуваат до помали плати и приходи на граѓаните. Општиот заклучок е дека целиот профит завршува кај големите ланци на супер маркети, додека малите земјоделци се помалку добиваат за своите производи.

Еве и за пример и Белгија го има истиот проблем со вртоглаво растење на цените. Голем дел белгијци кои живеат во внатрешноста се повеќе пазаруваат во Франција и Германија. Истиот феномен се јавува и на Балканот. Многу често некои производи се поевтини во некои соседни земји. Така многу често Словенците одат во Трст да пазаруваат.

Француската влада пред неколку месеци одржа средба со директори на некои од најголемите ланци на маркети во Франција и Германија. Француската се сомнева дека тие имале таен состанок во мал германски град каде ја договарале маржата на производите. До сега ништо не е докажано, иако е констатирано дека 85 проценти од пазарот во Германија го држат четири маркети.

Исто така и нашата влада излезе со став дека доколку се забележи неконвенционално однесување со цените на прехранбените производи ќе започнат со истрага и со санкции.

Но останува да видиме дали големите ланци ќе почнат да ги намалат цените на производите .

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ова се најевтини дестинации за летување во Европа во 2025 година
Следна Статија (Видео) Роби Вилијамс со песна го најави новиот албум

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) 19 загинати во Јужна Кореја во пожари, се урна хеликоптер кој гаснеше, загина пилотот

Најмалку 19 лица загинаа во серија шумски пожари, меѓу најлошите во историјата на Јужна Кореја, кои предизвикаа „невидена штета“ и…

March 26, 2025
СВЕТ

Трамп: Обвинителката треба да објави сè што смета за веродостојно за Епштајн

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека државната обвинителка Пам Бонди треба да објави „сè што го смета за веродостојно“ за…

July 16, 2025
СВЕТ

Илон Маск се заканува дека ќе формира партија ако Конгресот го усвои законот на Трамп

Извршниот директор на платформата „X“ и милијардерот Илон Маск се закани дека ќе основа нова политичка партија - „Американска партија“…

July 1, 2025
СВЕТ

Почна примирјето меѓу Израел и Хезболах

Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах стапи на сила денеска во раните утрински часови откако двете…

November 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?