Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи
ХРОНИКА

Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи

Објавено May 23, 2025 16:56
Сподели
Сподели

Поранешниот медицински директор на Клиниката за онкологија, д-р Нино Васев, и поранешниот организациски директор Нехат Нухи, обвинети во случајот „Онкологија“, ќе се бранат од слобода. Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за домашен притвор за двајцата, иако Обвинителството бараше ефективен притвор поради опасност од бегство и тежината на делата за кои се товарат.

„Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за определување мерки за обезбедување присуство против две лица, доставен до судот заедно со обвинителниот акт за предметот во јавноста познат како ‘Онкологија’, по одржана седница во присуство на странките донесе решенија со кои против обвинетите Н.В. и Н.Н. се определува мерка куќен притвор“, соопшти судот.

Судот одлучи и дека остануваат во сила и претходно определените мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање, повикувајќи се на член 165 став 1 точка 1 од Законот за кривична постапка, односно опасност од бегство. Против оваа одлука странките имаат право на жалба до Апелациониот суд Скопје.

Од друга страна, Јавното обвинителство беше категорично дека притворот е неопходен.

„Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот Онкологија, до Основниот кривичен суд вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицинскиот и организацискиот директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје“, се наведува во соопштението.

Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, проневера и измама, додека биле на раководните функции. Обвинителството истакна дека за делата се запретени високи затворски казни, а нанесена е и значителна имотна штета на државниот буџет.

„Последицата од сторените кривични дела може да влијае врз мотивот на обвинетите да се дадат во бегство“, нагласуваат од обвинителството, додавајќи дека со поднесувањето на обвинението е подигнат степенот на сомнение и извесноста од санкционирање за нивните противправни дејствија.

Во соопштението се посочува и дека поради опасност од бегство, за уште тројца обвинети лекари онколози се предложени мерки на претпазливост – привремено одземање на патна исправа или забрана за нејзино издавање.

„Ваквите мерки се неопходни за непречено водење на кривичната постапка“, велат од Обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Самитот на НАТО ќе има разговори помеѓу Македонија и Бугарија, ќе се вклучи и ЕУ
Следна Статија Каја Калас немала план „Б“ за Македонија оти сѐ уште верувала во планот „А“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Македонија тагува: Ова се девојчињата кои загинаа, познати се нивните имиња

Македонија тагува, Кичево е завиено во црно. Згаснаа животите на две ученички од Школата за музичка и културна дејност „Дрита“.…

August 23, 2025
ХРОНИКА

Вкупно 107 казни за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери

Вкупно 107 учесници во сообраќајот се казнети минатиот месец во рамки на спроведувањето сообраќајни контроли на територијата на цела држава…

June 5, 2025
ХРОНИКА

Две лица загинаа откако со возилото паднале во реката Радика

На 02.01.2026 во 15:36 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, патничко возило…

January 3, 2026
ХРОНИКА

Во Прилеп лишени од слобода две лица поради „поткуп при избори и гласање“

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?