Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата

Објавено May 23, 2025 22:27
Сподели
Сподели

Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата и тоа не било усогласено со децении, изјави синоќа премиерот Христијан Мицкоски. Посочи дека сега ќе бидат нивелирани 50 проценти од царинските тарифи и ќе важат од 1 јули, а второто намалување ќе биде од 1 јануари 2026 година.

– Тоа се царински ставки, парафискални давачки, кои имаат намера да го зголемат домашното производство и да помогнат во извозот на домашните производни компании и се усогласуваат со европските, што е многу важно. Педесет проценти од царинските тарифи во моментов ќе бидат нивелирани и ќе важат од 1 јули, а останатите педесет проценти од 1 јануари 2026 година, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во Македонскиот народен театар, пред почетокот на Свечената академија по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите.

На новинарско прашање за најавите на претседателот Доналд Трамп дека ќе воведе царина од 50 отсто за ЕУ и дали тоа може да претставува закана за македонската економија, премиерот очекува дека ние ќе бидеме меѓу оние земји со најниски царински стапки.

– Нашата царинска ставка во моментот е 10 проценти со САД. Ние со ова усогласување воведуваме царинска ставка од 0 проценти за производите и услугите што доаѓаат од САД, така што очекувам сето тоа да биде препознаено. Веќе сме во сериозни разговори со администрацијата на претседателот Трамп. Јас веќе неколку пати разговарав со американскиот државен секретар за економија Хауард Лутник. Мислам дека ќе бидеме меѓу оние земји кои ќе имаат меѓу најниски ставки откако ќе се потпише тој договор, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Албанија отвора уште еден кластер во преговорите за пристапување
Следна Статија Најк се враќа на Амазон по шестгодишна пауза и планира зголемување на цените

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Штедење од одмазда: Луѓето открија како без бојкот да им се одмаздат на малопродажните синџири

Во време кога цените на храната, режиските трошоци и горивото постојано растат, сè повеќе луѓе се одлучуваат на нов вид…

September 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Гевгелија добива своја шопинг оаза – Гевгелија Мол

Во Гевгелија денеска ќе биде отворен најголемиот шопинг - центар на југот од земјава. Гевгелија Мол, на површина од 10.000…

December 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Кочоска: Владата успеа за три последователни квартали да обезбеди стапка на раст од 3 проценти

Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од панелистите на трибината која што се одржа во општина Прилеп, на…

June 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Македонија е сигурна дестинација за германски инвестиции

Макроекономска стабилност, предвидливо бизнис окружување, даночна полтикика која се заснова на рамен данок и партнерски однос на Владата со компаниите…

April 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?