Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Оваа земја ги казнува „телефонските зомби пешаци“: Казни до 200 евра за невнимателна употреба на мобилните телефони при одење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Оваа земја ги казнува „телефонските зомби пешаци“: Казни до 200 евра за невнимателна употреба на мобилните телефони при одење
ЗАБАВА

Оваа земја ги казнува „телефонските зомби пешаци“: Казни до 200 евра за невнимателна употреба на мобилните телефони при одење

Објавено May 24, 2025 18:01
Сподели
Сподели

Доколку се најдете во оваа европска земја и притоа невнимателно зјапате во мобилниот телефон додека одите, покрај потенцијалната повреда, може да заработите и казна.

Туристите кои ќе се движат низ шпанските улици занесени во своите телефони би можеле да се соочат со високи казни – дури и до 200 евра. Шпанските власти започнаа нова кампања против таканаречените „телефонски зомби“, сè почеста глетка на пешаци кои се движат невнимателно додека гледаат во екраните на своите уреди.

Директоратот за сообраќај на Шпанија (DGT) предупреди дека ваквото однесување претставува сериозен ризик и за пешаците и за другите учесници во сообраќајот. Новите правила предвидуваат казни од 80 евра за користење мобилен телефон при одење, особено во близина на коловози или на пешачки премини, додека преминувањето на улицата надвор од обележаните премини може да чини до 200 евра.

Во директна порака објавена на социјалните мрежи, „DGT“ порача:

„Користете ги пешачките премини, тие се таму со причина. Не гледајте во телефонот додека ја преминувате улицата, дури ни за селфи. Очите горе, нозете долу и преминувајте само кога е безбедно за вас и за возачите. Почитувајте ги сообраќајните сигнали. Држете се подалеку од автопатишта и експресни патишта, тие се за тркала, а не за нозе.“

Властите нагласуваат дека оваа мерка е клучна за „безбедното движење на сите учесници во сообраќајот“.

Особено се предупредуваат туристите што ги посетуваат популарните дестинации како што е Мајорка, каде што притисокот врз локалните власти се зголемува поради сообраќајните метежи и несреќите во кои учествуваат и пешаци. Ситуацијата би можела да стане уште покомплицирана доколку се усвои предлогот кандидатите за добивање возачка дозвола да можат да вежбаат возење со искусни возачи, а не исклучиво со инструктори.

Додека шпанските улици стануваат сè попредизвикувачки и за возачите и за пешаците, пораката на тамошните власти е јасна: обрнете внимание на сообраќајот, а не на екранот, или вашиот одмор може скапо да ве чини.

Патем, ова не е единствената забрана што се однесува на однесувањето на туристите во Шпанија. На пример, правилата за бучава се заострени во Аликанте, па оние што ги кршат новите градски прописи за тишина можат да бидат казнети со речиси 30.000 евра, дури и за гласно однесување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Градоначалниците од СДСМ, Герасимовски и Христовски ќе бидат во трката за нов мандат
Следна Статија (Видео) Два пати заѕвони телефонот на Трамп на прес-конференција: Се јавуваат да ни честитаат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Сергеј и прости на сопругата што го тепаше, Исидора се врати дома

По хаосот и реакцијата на полицијата, за која беше осудена Исидора Трифуновиќ, актерот Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга се помирија.…

October 24, 2024
ЗАБАВА

Се породи Ријана, објавена прва фотографија од бебето

Поп-ѕвездата Ријана го роди своето трето дете, девојче, кое го има со партнерот АСАП Роки, чие вистинско име е Рахим…

September 25, 2025
ЗАБАВА

Кој е Томпсон: Беше во брак со Данијела Мартиновиќ, се разведоа со благослов од папата

Марко Перковиќ Томпсон беше во брак со пејачката Данијела Мартиновиќ, пор. Данијела Мартиновиќ и Марко Перковиќ Томпсон беа заедно во деведесеттите години. Во…

July 5, 2025
ЗАБАВА

12.12 им носи исполнување на најголемите желби на три хороскопски знаци

Дванаесеттиот ден од декември, или 12.12, носи со себе енергетски моќна нумеролошка низа 12-12, која би можела да им донесе…

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?