Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во сообраќајката кај касарната „Илинден“ загинале полковник и вработена во одбраната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Во сообраќајката кај касарната „Илинден“ загинале полковник и вработена во одбраната
ХРОНИКА

Во сообраќајката кај касарната „Илинден“ загинале полковник и вработена во одбраната

Објавено May 25, 2025 18:03
Сподели
Сподели

Полковникот Стефан Ивановски, кој е поранешен припадник и командант на ЕСН Волци и Ана Нешковска која била негова сопатничка, а работела во Министерството за одбрана – се загинатите во сообраќајната несреќа кај касарна „Илинден“. Припадниците на безбедносните сили во неверување, се простија од двајцата.Меѓу другите, емотивен статус објави и ексминистерката за одбрана, Славјанка Петровска.

„Не сакав да поверувам во лошата вест, не сакав да прифатам дека вие двајца сте загинатите во сообраќајната несреќа, не сакав да прифатам дека туѓа неспособност и негрижа прекинаа два живота. Стефан Ивановски, го запознав како скромен, но исклучително способен офицер, посветен командант на армиските Волци, кој живееше за државата, Армијата и неговото семејство. Го гледав како еден од идните столбови на Генералштабот. Ана Нешовска, работлива, кротка, но полна со енергија и желба да го промени светот, за неа не постоеше ништо невозможно…Ја гледав како првата жена раководител на военото разузнавање“, напиша Петровска и додаде:

„Вашето несреќно заминување не скрши сите, изгубивме многу, Министерството и Армијата изгубија многу, но за жал најголема загуба за вашите прекрасни семејства. Нема зборови на утеха, има само зборови за сочувство во оваа огромна тага. Почивајте во мир“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Тие што ги оставија полицајците без униформи денес имаат образ да зборат за наводен криминал
Следна Статија Крипто инвеститор киднапирал и измачувал студент во Њујорк

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Возеле без возачка, со забрана или пијани: Приведени 14 возачи

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување…

March 22, 2026
ХРОНИКА

Борче Марковски сепак оди во ефективен притвор

Предлогот на Основното јавно обвинителство Битола е прифатен од Кривичниот совет на Основниот суд во Битола и на осомничениот сопственик…

October 11, 2025
ХРОНИКА

Уценувал скопски бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите

Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради сомнение…

October 9, 2025
ХРОНИКА

Пензионер од Скопје, кој беше исчезнат, пронајден во Аеродром

Седумдесет и деветгодишен маж од Скопје, кој претходно беше пријавен за исчезнат, е пронајден синоќа. Од МВР информираат дека пензионерот…

July 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?