Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АЕК бара одложување на реваншот со Алкалоид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > АЕК бара одложување на реваншот со Алкалоид
СПОРТ

АЕК бара одложување на реваншот со Алкалоид

Објавено May 25, 2025 21:11
Сподели
Сподели

Коментаторот на грчката национална телевизија информира дека раководството на АЕК бара одложување на натпреварот со Алкалоид, поради неприсуството на невините навивачи во СЦ „Борис Трајковски“, јави дописничката на МИА од Грција.

Ракометарите на АЕК одбиваат да го почнат натпреварот со Алкалоид додека нивните навивачи не дојдат во салата. На официјалното претставување пред реваншот од ЕХФ Европскиот куп, играчите на грчкиот тим беа до теренот, но не истрчаа, бидејќи ги нема нивните најавени 200 навивачи.

Според информациите во грчките медиуми, на македонско-грчката граница биле пуштени само 200 навивачи, а исто толку биле вратен назад.

Во салата има место обезбедено за Грците.

Од АЕК во текот на денот преку соопштение ги информираа нивните навивачи дека „по утрински безбедносен состанок и покрај упорноста и титанскиот напор на клубот да обезбеди што е можно повеќе билети за натпреварот, локалните власти на земјата донесоа непопустлива одлука дефинитивно да доделат 200 билети.

Спортскиот портал „Еноси“, што е специјализиран за вести поврзани со екипите на АЕК во сите спортови, нешто помалку од еден час пред натпреварот, објави дека неколку автобуси со навивачи на АЕК се задржани на граничниот премин и не им е дозволен влез и дека „раководството на АЕК, на состанок со ЕХФ, јасно стави до знаење дека тимот нема да излезе на терен, ако на навивачите не им биде дозволено да ја преминат границата.

Натпреварот требаше да почне во 20:30 часот и веќе доцни половина час.

На првиот меч пред седум дена во Атина, Алкалоид победи со 29:25.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скандал во „Борис Трајковски“, АЕК одбива да го почне натпреварот со Алкалоид без нивните навивачи да дојдат во сала
Следна Статија Таравари: Вознемиреност со чувство на вина, победата во октомври е многу блиску

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Maкедонските репрезентативци ќе добијат премија од 600.000 евра

Освоената група во Лигата на Нации значи за македонската фудбалска репрезентација богата премии од Фудбалската федерација на Македонија . Благодарение…

November 19, 2024
СПОРТ

Испишана нова историја во македонскиот пинг понг: Брат и сестра ги освоија сите медали

Првпат во историјата, и во машка и во женска поединечна конкуренција U21 – во двете финалиња играат брат и сестра.…

November 23, 2025
СПОРТ

Челзи со фантастично второ полувреме ја освои Лигата на Конференции

Најголемиот фаворит пред почетокот на натпреварите во Конференциската лига, Челси, го освои трофејот во ова натпреварување. Челси на „Турчински арена“…

May 29, 2025
СПОРТ

Вознемирувачко: Mу го скрши носот, крв бликаше насекаде

Јужноафриканскиот борец Дрикус Ду Плесис го одбрани шампионскиот појас во средна категорија откако го победи Шон Стрикленд со едногласна одлука на UFC…

February 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?