Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнува најголемата воена вежба во земјава „Брз одговор 2025“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Почнува најголемата воена вежба во земјава „Брз одговор 2025“
МАКЕДОНИЈА

Почнува најголемата воена вежба во земјава „Брз одговор 2025“

Објавено May 26, 2025 08:30
Сподели
Сподели

Од денеска државава ќе биде домаќин на воената вежба „Брз одговор 2025“ ккао дел од големата мултинационална вежба DEFENDER 2025 со околу 12.000 војници кои учествуваат во различни земји низ Европа.

Во вежбата што ќе се одржува во земјава ќе учествуваат повеќе од 2.000 војници од државава, САД, Црна Гора, Косово, Австрија, Грција, Албанија, Италија и Обединетото Кралство. а Македонија ќе учествува со 950 припадници на Армијата, САД со 710, Црна Гора со 185 учесници, Косово со 150, Австрија со 70, Грција 50, Албанија 30, Италија 30 и обединетото Кралство со двајца учесници. 

Сите единици ќе користат своја формациска опрема, а како позначајни ќе бидат тенковите Леопард, борбените хеликоптери „AH-64 APACHE“, транспортни медицински хеликопртери Blek hawk, инженериско возило „Хаски“, минофрлачи 120милиметри, транспортен хеликоптер Ми 8/17 и оклопни возила JLTV i HMMWV. На вежбата ќе се користи стандардна маневарска и боева пешадиска и артилериска муниција.

Вежбата ја тестира способноста на НАТО да одговори на развојните безбедносни закани, вклучувајќи и сајбер напади, служејќи како важна платформа за усовршување на мултинационалната соработка и потврдување на подготвеноста на силите-учеснички да го споделат товарот во сложени и спорни средини.

Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски минатата недела на брифинг со медиумите информираше дека оваа вежба е една од најголемите досега во државава во која ќе учествуваат околу 2200 војници од седум НАТО земји и две партнерски држави.

– Вежбата меѓу другото има цел да ја подобри интероперабилноста меѓу сојузничките и партнерските силик како и заедничко дејствување во сложени услови и брза реакција на силите во источниот дел на Европа, истакна Лафчиски.

„Брз одговор 2025“ се поклопува со 32-годишнината од Програмата на партнерски сојузни држави меѓу Националната гарда на Вермонт и Македонија, под покровителство на Бирото на Националната Гарда на САД.

Во пресрет на воената вежба, во Битола и Штип заеднички концерт одржаа Воениот оркестар на Армијата и оркестарот на Националната гарда од Вермонт, САД.  Отворениот ден за граѓаните со приказ на операмата од вежбата е закажан за 1 јуни во Кавадарци, а денеска концерт ќе одржат во Скопје. 

Денот за високи гости ќе се одржи на 2 јуни кога ќе се реализира вежбата „Засилен пешадиски баталјон во напад“.

Според американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, „Брз одговор 2025“ е јасен доказ за блиското и растечко партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија.

– Преку заеднички обуки, ангажирање во заедницата и соработка со нашите НАТО сојузници, ја зајакнуваме нашата колективна посветеност на мирот и безбедноста. Овие вежби ја подобруваат воената подготвеност и ги зближуваат нашите заедници, вели Агелер.

Од Американската амбасада во петокот во соопштение посочија дека САД и Македонија продолжуваат да го зајакнуваат своето партнерство во одбраната, образованието, претприемништвото и граѓанското општество, поддржувајќи го институционалниот развој и безбедносните способности на Македонија.

– Двете земји остануваат насочени кон проширување на соработката во енергетиката, одбраната, трговијата и културната размена, обезбедувајќи долгорочен просперитет и безбедност. Брз одговор 2025 е пример за обезбедување мир преку зајакнување на подготвеноста на НАТО и колективната одбрана, нагласија од Американската амбасада.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Путин целосно полуде, нападите врз Украина ќе ја уништат Русија
Следна Статија 40 пациенти добиваат физикална терапија по пожарот во „Пулс“, имаат проблеми со движење на зглобовите, покажа евалуацијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Екс претседателот Иванов стана Почесен доктор на науки на Универзитетот во Текирдаг

Поранешниот Претседател на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов учествуваше на 28. Евроазиски економски самит во Истанбул, организиран од Фондацијата…

May 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Половина метар е најдолгото гласачко ливче, ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња

Државната изборна комисија денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња за локалните избори кои ќе се…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Валенсија: Македонскиот народ заслужува фер третман и почит за својата посветеност на европскиот пат

Голема чест беше да се обратам на Конгресот на ЕПП, меѓу лидери посветени на слободата, демократијата и одговорното владеење, рече…

April 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

На списокот на Трамп е Македонија со 33% царина, Србија 37%, БИХ 35%, а Албанија и Косово ќе имаат по 10 отсто

На листата на претседателот на САД Доналд Трамп на земји за кои се воведуваат нови реципрочни тарифи, е и Македонија…

April 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?