Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Прилеп- Битола во која загинаа три лица, се запалиле двете возила
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Прилеп- Битола во која загинаа три лица, се запалиле двете возила
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Прилеп- Битола во која загинаа три лица, се запалиле двете возила

Објавено October 4, 2024 13:39
Сподели
Сподели

МВР излезе со детали за тешката сообрќајна несреќа што се случи вчера на патот Прилеп-Битола, при што три лица загинаа, доктори кои од Прилеп оделе на работа во Болницата Плодност во Битола.

„На 03.10.2024 во 07.45 во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(42) од Прилеп и товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(51) од Битола, при што настанал пожар во двете возила.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот Н.В. и А.Р.(74) и Ф.Ј.(51), двајцата од Прилеп, сопатници во патничкото возило“, информираат од МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.

Возачот Г.Р. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Прилеп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари: Ја укинавме забраната од 2022 година, лекарите ќе може од приватното здравство да се вратат во јавното
Следна Статија Поплавите во БиХ однесоа 20 животи, Јабланица отсечена (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

​Ѓорѓиевски: Повикот на владата е транспарентен, нема да има заборавени општини

Јавниот повик на Владата за распределба на средствата нуди транспарентност и она што досега во минатото никогаш го немало, а…

October 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

На Дојранското Езеро повторно му се заканува еколошка катастрофа

Според мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро скоро една година постојано е околу 80 сантиметри…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

БУРНИ РЕАКЦИИ ВО ЈАВНОСТА: Жените од Тетово во градски базен имаат посебни термини- среда и сабота

Градскиот базен во Тетово воведе посебни термини кога може да се капат само жени и девојки. Термините се во среда…

June 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сите судии изземени во Битола, предметот за РЕК и Марковски оди во судот во Струга

Предметот за злоупотребите со јавни набавки во РЕК Битола и Марковски компани се сели во Основниот суд Струга, откако сите…

April 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?