Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје започнаа сослушувањата на законските застапници на жртвите во пожарот во „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје започнаа сослушувањата на законските застапници на жртвите во пожарот во „Пулс“
МАКЕДОНИЈА

Во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје започнаа сослушувањата на законските застапници на жртвите во пожарот во „Пулс“

Објавено May 27, 2025 13:51
Сподели
Сподели

Сослушувањата на законските застапници на сите жртви во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ започнаа денеска и се одвиваат со предвидената динамика, во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје, соопшти Јавното обвинителство.

Сослушувањата, како што се наведува во информацијата од обвинителството, се одвиваат согласно распоредот кој беше утврден директно со семејствата на жртвите во соработка со организацијата „Support Kocani“.

На 24 мај обвинителството објави дека законските застапници на починатите преку исказите дадени пред јавен обвинител ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон.

Исто така, ќе можат и директно да се информираат за текот и фазата во која се наоѓа постапката, но и да кажат свои сознанија за настанот.

Во изминатите два дена во соработка со волонтерите од „Support Kocani”, обвинителството ги контактира најблиските на починатите за да се утврди точно време и место во кое ќе можат да си го остварат ова свое право.

Како што тогаш беше најавено, сослушувањата ќе се вршат согласно утврден распоред од денеска до 29.05 (четврток) во просториите на јавното обвинителство во договор со оштетените.

Ваквите сослушувања се поединечни и на нив ќе биде повикан по еден законски застапник за секоја од жртвите да се произнесе во однос на правата како оштетени. Тој во својот исказ ќе може да предложи и други лица од семејството кои евентуално имаат сознанија за настанот.

Јавното обвинителство, согласно своите законски овластувања, во текот на целата постапка посветува особено внимание и грижа за жртвите на овој трагичен настан. При сите преземени дејствија и одлуки обвинителите ги имаат предвид и ги штитат интересите на оштетените.

Воедно, се уште активен е и повикот на обвинителството до сите останати кои што имаат лични сведоштва за несреќата, информации и докази во однос на работата на клубот „Пулс” – Кочани и поврзаните фирми, како и сознанија во врска со работата на институциите надлежни да постапуваат, да ги споделат со истрагата.

Тоа може да се направи со пополнување на формулар за пријава кој потоа треба да се испрати електронски на наменската адреса: istragakochani@jorm.mk.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на утрото на 16 март загинаа 62 лица, а околу двеста лица беа повредени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Владата живее во меур, економијата е девастирана, стандардот на граѓаните руиниран
Следна Статија Рокас: Вашата иднина е во ЕУ, сите напорно работиме за остварувањето на таа цел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата донесе четири заклучоци за погребот на настраданите во пожарот во Кочани

Владата вечерва одржа вонредна онлајн седница и донесе четири заклучоци што се однесуваат на деновите на жалост и на погребот…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски кон граѓаните: Никогаш нема да дозволиме ниту Вас, ниту самите себе да се засрамиме

Се додека ја работиме оваа работа, нема пречка што е невозможно да се помести. Ќе работиме катадневно и Ве молам…

January 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хрватите од Македонија сакаат да влезат во Уставот

Хрватите во Македонија ќе имаат корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во уставот на земјата, бидејќи тоа ќе го…

March 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Откриени нови уникатини камени гробници на Маркови Кули

Пет нови камени гробници во карпа дооткрија археолозите од прилепскиот Завод и музеј при заштитните архелошки истражувања на локалитетот „Крклари“…

June 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?