Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јамал останува во Барселона до 2031 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Јамал останува во Барселона до 2031 година
СПОРТ

Јамал останува во Барселона до 2031 година

Објавено May 28, 2025 09:33
Сподели
Сподели

17 годишниот светски фудбалски бисер Ламин Јамал го продолжи договорот со шпанскиот шампион Барселона до 2031 година, соопштија од клубот од Ноу Камп.

„Фудбалскиот клуб Барселона и Ламин Јамал ​​постигнаа договор за продолжување на договорот, кој ќе го обврзе со клубот до 30 јуни 2031 година“, се вели во соопштението на Барселона, актуелниот шампион на Шпанија.

Јамал дебитираше за Барселона на 29 април 2023 година против Бетис, во победата од 4-0 во Ла Лига. Тогаш имаше само 15 години и 290 дена, со што стана најмладиот дебитант во историјата на Барселона во шпанското првенство.

Според шпанските медиуми, Јамал ќе заработува 20 милиони евра по сезона, со нешто помалку од 10 милиони евра бонуси за обновување секоја година, што е драматично зголемување во однос на 1,6 милиони евра колку што добиваше досега.

Со овој договор, Јамал станува третиот најплатен играч во тимот, зад Френки де Јонг (23 милиони евра нето) и Роберт Левандовски (25 милиони евра нето).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жртва на „Беланоца-Барон“ убиен за 10.000 евра бидејќи предал обвинети во „Монструм“
Следна Статија Поранешниот претседател на Албанија Илир Мета обвинет за корупција и перење пари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Македонија ја совлада Ерменија и обезбеди пласман во Б дивизијата во Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација во рамките на четвртото коло во Лигата на Нации во групата Ц на гостувањето во Ереван против…

October 13, 2024
СПОРТ

Од плачковци прваци не бидува: Прва изјава на грчките ракометари

Европски ракомет во Скопје вечерва нема да има. Рерванш финалниот дуел од Европскиот куп повеѓу Алкалоид и АЕК од Атина…

May 25, 2025
СПОРТ

Брајтон го нокаутираше шампионот – четврт последователен пораз на Сити

Фудбалерите на Брајтон го совладаа Манчестер Сити со резултат 2:1 (0:1) во 11. натпревар од англиската Премиер лига. Она што…

November 10, 2024
СПОРТ

Шешко е нов играч на Манчестер Јунајтед: Словенецот е трет најскап екс-Ју играч

Словенецот Бенјамин Шешко е нов играч на Манчестер јунајтед, објави англискиот клуб. Шешко (22) потпиша договор со Јунајтед до јуни…

August 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?