Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Челзи со фантастично второ полувреме ја освои Лигата на Конференции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Челзи со фантастично второ полувреме ја освои Лигата на Конференции
СПОРТ

Челзи со фантастично второ полувреме ја освои Лигата на Конференции

Објавено May 29, 2025 08:26
Сподели
Сподели

Најголемиот фаворит пред почетокот на натпреварите во Конференциската лига, Челси, го освои трофејот во ова натпреварување. Челси на „Турчински арена“ во Вроцлав го победи Бетис со 4:1 (0:1).

Челси е првиот тим со титули во трите натпреварувања во организација на Европската фудбалска унија.

„Сините“ од Лондон, во вториот дел, во интервал од 18 минути го скршија Бетис, чија игра целосно се распадна по 52.минута, кога поради повреда теренот го напушти најдбриот играч на „зелено-белите“, Езалзули.

Челси не одигра ништо во првиот дел и вистинско чудо беше што „сините“ имаа само гол минус.

Езалзули погоди во деветтата минута, по додавањето од Иско, откако претходно во опасната зона Мало Густо ја загуби топката.

Три минути подоцна, Јоргенсен се истакна кога го одбрани ударот на Бартра, а во 20.минута, Бадијашил во последен момент го изблокира ударот на Кардосо.

Во вториот дел Челси притисна, целосно ја презеде контролата врз топката, а се „појави“ и Кол Палмер.

Тој со две асистенции за Енцо Фернандез во 65. и Николас Џексон во 70.минута го режираше пресвртот.

Во 83.минута Џејдон Санчо постигна брилијантен гол, а точка на натпреварот стави Каиседо во 91.минута.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трајко Славески именуван за нов гувернер на Народната банкa
Следна Статија Федерален суд во САД ги блокираше царините наметнати од Трамп, тој веќе поднесе жалба на судската одлука

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Победа на РК Вардар за своите фанови и за настраданите во Кочани

Победа на РК Вардар во скопското дерби со Алкалоид 34-26. Вардарци го имаа водството во текот на целиот меч а…

April 2, 2025
СПОРТ

Дали има бојкот за Роналдо во португалската репрезентација?

Во судиското продолжение на мечот против Конго Португалија доби корнер. Камерите го фатија Роналдо како му покажува на Бруно Фернандеш…

June 18, 2026
СПОРТ

(Видео) Не помогна ниту евро голот на Барди – Казахстан однесе бод од Скопје

Македонија не успеа да го победи Казахстан во претпоследниот меч во квалификациите за пласман на Светското првенство. Во Скопје натпреварот…

October 14, 2025
СПОРТ

Чурлинов стрелец против Бетис во Конференциската лига (ВИДЕО)

Дарко Чурлинов продолжува да ги тресе мрежите во разни конкуренции, донесувајќи ѝ реми 1:1 на полска Јагјелонија против Бетис во…

April 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?