Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од Србија до Црна Гора ќе се патува за четири часа, се гради нов автопат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Од Србија до Црна Гора ќе се патува за четири часа, се гради нов автопат
БАЛКАН

Од Србија до Црна Гора ќе се патува за четири часа, се гради нов автопат

Објавено May 29, 2025 09:16
Сподели
Сподели

Србија во следните три години планира да ја заврши изградбата на автопатот од Пожега до границата со Црна Гора, со што ќе се заврши српската делница од идниот Коридор 11. Оваа траса, дел од Трансевропскиот автопат (ТЕМ), ќе го поврзува Белград со Јадранското Море и ќе биде долга 269 километри.

Делницата од Пожега до Болјар, долга 106,3 километри, ќе води низ долината на реката Моравица, меѓу Јавор и Голија, преку висорамнината Пештерск. Во планот се предвидени вкупно 11 делници од трасата, од кои најкомплексна е делницата од Пожега до Дуга Полјана каде ќе се градат 72 моста во должина од 35 километри и 10 тунели со вкупна должина од речиси 17 километри.

Автопатот ќе има две сообраќајни ленти и по една лента за застанување во секој правец, а предвидената брзина ќе биде до 120 километри на час. Трасата најмногу минува надвор од урбаните средини, со минимални зафати во две општини.

Паралелно завршува и делницата Прељина-Пожега долга 30,9 километри. По неговото отворање, патувањето од Белград до Пожега ќе трае околу час и половина. На оваа траса веќе се изградени клучни објекти, вклучувајќи ги тунелите Муњино брдо, Лаз и Трбушани. Вредноста на работите се проценува на 450 милиони евра, а се очекува да завршат до крајот на годинава.

Планирани се и голем број клучки и места за одмор долж трасата, паркинзи на неколку локации.

Србија го привршува својот дел од работата, а вниманието сега е свртено кон Црна Гора каде се подготвува изградбата на делницата Матешево-Андријевица долга 21 километар, пишуваат српските медиуми.

Се очекува работите да траат околу пет години, а вредноста на проектот се проценува на 550 милиони евра. Досега се обезбедени 100 милиони евра грантови од ЕУ и уште 200 милиони евра поволни заеми од Европската банка за обнова и развој, а остатокот ќе се покрие од црногорскиот буџет.

Црногорската министерка за транспорт Маја Вукиќевиќ рече дека фокусот ќе биде ставен на квалитетот и достапноста на понудите, со надзор на ЕБОР. Изборот на изведувачот се очекува во текот на летото, а првите работи би можеле да почнат до крајот на годинава. Експропријацијата на земјиштето е веќе завршена во голема мера, а во тек е и јавна расправа за влијанието врз животната средина.

Доколку се оди според планот, граѓаните на Србија и Црна Гора наскоро ќе имаат можност за само три и пол часа да патуваат по модерен автопат од Белград до Јадранското Море. Патот од Подгорица до главниот град на Србија, долг 370 километри, ќе стане значително пократок, побезбеден и побрз.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маск: Ја напуштам администрацијата на Трамп (ВИДЕО)
Следна Статија Газдите се жалат дека работниците не се продуктивни, Синдикатот вели: Покачете им ги платите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

На ден на жалост имала настап: Српска фолк ѕвезда е на столб на срамот

По смртта на 14 лица, беше прогласена тридневна жалост, а многу пејачи поради оваа причина ги откажаа своите настапи, објави…

November 3, 2024
БАЛКАН

Во БиХ пронајдена уште една жртва од поплавите, бројот на загинати се искачи на 24

Уште една жртва од минатонеделните катастрофални поплави е пронајдена во областа на Коњиц, така што бројот на загинати само во…

October 12, 2024
БАЛКАН

Убиецот од Младеновац бил претепан во затворот во Смедерево

Урош Блажиќ, кој беше осуден на 20 години затвор за убиство на девет луѓе во Мало Орашје во Србија, бил…

December 26, 2024
БАЛКАН

Зошто Германците својот рудник за лиитуим не го избраа за стратешки, туку оној во Србија?

Германскиот проект за литиум Цинвалд не се најде на листата на стратешки проекти на ЕУ, иако Европа е гладна за литиум. Наместо…

June 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?