Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Газдите се жалат дека работниците не се продуктивни, Синдикатот вели: Покачете им ги платите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Газдите се жалат дека работниците не се продуктивни, Синдикатот вели: Покачете им ги платите
ЕКОНОМИЈА

Газдите се жалат дека работниците не се продуктивни, Синдикатот вели: Покачете им ги платите

Објавено May 29, 2025 09:23
Сподели
Сподели

Македонија е една од државите во регионот со најниска и просечна и минимална плата, а Владата и работодавачите немаат слух за сериозен исчекор, особено во унапредување на социјалниот дијалог, вели претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. Тој денеска изјави дека продуктивноста на работниците, на која често се жалат работодавачите, треба да се таргетира само преку една работа – зголемување на платите, пренесе ТВ „24“.

Според Трендафилов, работниците во Македонија се најниско платени на Балканот, следствено на тоа и продуктивноста е резултат на ниските примања, а немањето слух за повисоки плати задира директно во севкупната економија која треба да е резултат на продуктивноста на работникот.

„Формулата за минимална плата можеби била добра кога се носел законот, но во иднина треба многу повеќе да се земат предвид економските параметри“, вели заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Според него, минималната плата не треба да биде предизвик, туку тоа треба да биде покачувањето на сите плати со зголемувањето на продуктивноста а со тоа да оди и развојот на економскиот раст и развој на државата.

„Продуктивноста на нашите работници 50 отсто од онаа во ЕУ, на еден европски вработен потребни се двајца наши вработени“, вели претседателката на Организацијата на работодавачи, Владанка Трајкоска. Таа додаде дека тоа не е проблем само на работниците, туку и на компаниите. По однос на минималната плата, Трајковска вели тоа не треба да биде предмет на дискусија, но потсетува дека постои закон кој сите страни мора да го почитуваат.

На националната конференција по повод 20-годишнината на Организацијата на работодавачи беше посочено и дека ограничениот пристап до финансии, слабите институции и корупцијата се главните пречки за растот на продуктивноста и развојот на македонските фирми.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од Србија до Црна Гора ќе се патува за четири часа, се гради нов автопат
Следна Статија Ова е најдобрата земја во светот: Гласале половина милион туристи, никој немал лошо искуство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната…

January 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

ДПИ: Има зголемувања на цените во малопродажба

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски денеска на прес-конференција во Владата информираше дека има одредено зголемување на цените во…

June 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Носиме 35.000 туристи надвор од главната сезона, огромна промоција за Македонија

Нема поубава промоција за една држава од добра туристичка понуда. Најмалку еден лет дневно и меѓу 180 и 200 туристи…

February 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ќе ја реконструираме пругата Скопје-Јегуновце-Тетово-Гостивар-Кичево

Очекувам за четири години да имаме целосно реконструирана и модернизирана пруга од Скопје до Кичево, истакна во интервју за ТВ…

August 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?