Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Да изгласаме закон за една изборна единица, но да ги вклучиме и граѓаните од дијаспората
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Да изгласаме закон за една изборна единица, но да ги вклучиме и граѓаните од дијаспората
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Да изгласаме закон за една изборна единица, но да ги вклучиме и граѓаните од дијаспората

Објавено May 29, 2025 14:55
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, ги повика пратениците од опозицијата да ги поддржат измените на Изборниот законик за една изборна единица, но како што рече да се дозволи и дијаспората да гласа.

„Што се однесува до законот за локална самоуправа, целта е сосема поинаква. Целта е да може да се направат измени кои што ќе бидат во согласност со изборните процеси кога се избираат градоначалници, советници итн. Не е целта дали имаме резиденти или нерезиденти. Но, кога веќе го поставувате тоа прашање, јас еве би ве повикал заедно сите да го промениме Изборниот законик и да направиме една изборна единица. И во таа една изборна единица да дозволиме и дијаспората да гласа, да дозволиме да се формираат избирачки места во оние држави во кои се дозволува согласно Устав да се формираат избирачки места надвор од Дипломатско конзуларните претставништва“, вели тој и додаде:

„Еве јас сум подготвен веднаш, ги гледам пратениците од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ да го поддржиме тој закон каде што ќе имаме една изборна единица. И да не филозофираме зошто олку или толку советници, еве веднаш да го отвориме ова прашање и да го затвориме. Да имаме една изборна единица, и во таа една изборна единица да се гласа вклучително да бидат вклучени и гласовите од дијаспората и тоа не само во ДКП, туку насекаде онаму каде што дозволува законот на таа држава да се гласа надвор од ДКП. Веднаш сум подготвен да го поддржам тој закон и ви давам збор дека и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи“, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Директорот на АНБ не направил лажна исправа: Обвинителството ја отфрли пријавата за фалсификување
Следна Статија Ќе одекнат гајдите, зурлите, тапаните: Викендов ќе се одржи Фестивалот „Пеце Атанасовски“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Зајкова: Да се направи сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица  од 1991 година до денес

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското собрание, Моника Зајкова, бара целосен ветинг и детална проверка на избраните…

March 23, 2025
ПОЛИТИКА

Касами: Излегувањето на Тачи е само почеток на распадот

Лидерот на движењето БЕСА, Билал Касами, воедно и актуелен градоначалник на Тетово во вчерашната емисијата Клик Плус на ТВ21 рече…

October 8, 2024
ПОЛИТИКА

Навреди кон новинарот Геровски, упати СДСМ во денешното соопштение

СДСМ утрово испрати две соопштенија до медиумите во кои користи најдолни навреди кон уредникот на Плусинфо Бранко Героски. Во продолжение…

December 25, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче гарант нема слушнато дека Радев зборувал оти Гоце Делчев е Бугарин а писменоста кај словенските народи дошла од Бугарија

СДС, Венко Филипче и тие околу него, за власт, моќ и амнестија на криминалите се спремни на се и на…

May 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?