Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Осми „Марш за ангелите“ во Кочани: Солзи, болка и револт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Осми „Марш за ангелите“ во Кочани: Солзи, болка и револт
ХРОНИКА

Осми „Марш за ангелите“ во Кочани: Солзи, болка и револт

Објавено May 31, 2025 17:12
Сподели
Сподели

Семејствата на починатите во пожарот во Кочани, денеска со почеток од 16 часот и 5 минути ќе го одржат осмиот „Марш за ангелите“.

Маршот ќе се реализира на вообичаената маршрута во Кочани, односно од Паркот на Револуцијата, низ Трговскиот центар до пред Општина Кочани, а оттаму кон Полициската станица, Основниот суд и Обвинителството во Кочани.

Во пишаното известување од семејствата на починатите стои дека маршот истовремено ќе биде посветен и за поддршка на повредените лица во трагедијата, поради што ги повикуваат нивните блиски роднини и пријатели да се придружат.

– Наша цел е јавноста да знае дека за правдата на нашите деца ќе се бориме до крај. Нема да застанеме ниту за момент, стои во известувањето.

Организаторите ги покануваат сите граѓани од источниот регион, но и од целата држава кои даваат поддршка на нивните барања, да им се придружат, додека медиумите слободно да го проследат настанот.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше со литургија по повод 1700 години од Првиот вселенски собор
Следна Статија (ВИДЕО) Обвинувања од СДСМ: Кој го штити разрешениот началник на СВР Штип

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсен штипјанец кој принудувал момче да зема брзи кредити и да краде од татко му

28-годишниот Ф.Ј. од Штип беше уапсен бидејќи се сомничи дека во период од речиси девет месеци, со закани и присилба…

June 22, 2025
ХРОНИКА

МВР во акција низ повеќе градови, се апсат членови на криминални групи

Во последните два часа, Министерството за внатрешни работи започна координирана акција насочена кон пресметка со насилни криминални групи, која се…

December 15, 2024
ХРОНИКА

Тешка сообраќајка по верижен судар на скопска обиколница

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва на скопската обиколница. Според информациите од терен сообраќајната несреќа се случила пред исклучувањето за…

January 22, 2025
ХРОНИКА

Паднаа скопски дилери

Полицијата со полни раце работа. Во текот на вчерашниот ден и рано утринава „паднаа“ скопски дилери. Денеска (24.11.2024) во 01.00…

November 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?