Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Технологијата на Цукерберг пристигнува на првата линија на фронтот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Технологијата на Цукерберг пристигнува на првата линија на фронтот
Blog

Технологијата на Цукерберг пристигнува на првата линија на фронтот

Објавено June 1, 2025 09:27
Сподели
Сподели

Технолошкиот гигант Мета се подготвува да изгради напредни уреди за потребите на американската војска, во рамки на заеднички проект со одбранбената компанија Anduril Industries, основана од Палмер Лаки – пионер во развојот на технологија за виртуелна реалност и познат поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп. Проектот, според „Wall Street Journal“, е наречен EagleEye, а вредноста на договорот се проценува на околу 100 милиони долари, иако тој сè уште не е официјално доделен.

Оваа соработка е дел од многу поголем договор на американската армија вреден 22 милијарди долари, чија цел е развој на напредни носливи системи. Главен носител на проектот е токму Anduril, а Мета, со своето искуство во проширена и виртуелна реалност, ќе обезбеди технолошка поддршка.

Според достапните информации, EagleEye ќе вклучува паметни шлемови, очила и други уреди опремени со AR/VR технологии и напредни сензори за подобрување на видот и слухот на војниците. Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, изјави дека оваа технологија ќе придонесе за „заштита на интересите и дома и во странство“.

Во пракса, овие уреди би можеле да се користат за рано откривање на беспилотни летала на километарски растојанија, идентификација на скриени цели, како и за интеракција со автономни оружени системи кои користат вештачка интелигенција. Основата на овие уреди ќе биде AI софтверот на Мета и автономната технологија на Андурил.

Иако проектот веќе предизвикува реакции поради својата потенцијална дистописка примена, Лаки во изјава за медиумите вели дека верува оти соработката со армијата е нужност. „Успеав да ги убедам не само Мета, туку и многу други компании дека соработката со војската е важна“, рече тој.

Палмер Лаки последниве години се етаблира како значаен играч во одбранбениот сектор, обезбедувајќи договори вредни 6 милијарди долари ширум светот. Во неодамнешно интервју за CBS News, изјави:

„Секогаш сум велел – треба да престанеме да бидеме светска полиција и да станеме светска продавница за оружје“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Топол бран од Африка во Македонија
Следна Статија Вечното дерби Вардар – Еурофарм Пелистер финале на 32. Куп на Македонија во ракомет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Мерцедес ги сели погоните во Унгарија, Германците вознемирени

Мерцедес сака да ги пресели работните места надвор од Германија, а фокусот на компанијата е Унгарија, особено локацијата Кечкемет, град…

April 13, 2025
Blog

Бил Гејтс: Паметните телефони ќе бидат заменети со нешто кое ќе се наоѓа на вашето тело

Во изненадувачка прогноза која ја потресе технолошката индустрија, Бил Гејтс изјави дека смарт телефони се на работ на застареност. Според…

February 28, 2025
Blog

Кривични пријави за Мерко и четири други лица за уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески во Струга

Струшката полиција поднесе кривични пријави против пет лица поврзани со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески во Струга,…

November 19, 2025
Blog

Клековски ги нарече докторите кои коментираат за Гостивар „слободни јавачи на епидемијата“, Пановски, Беќаровски и Ристески му возвратија

Случувањата со водата во Гостивар предизвикаа „караница“ помеѓу новоназначениот министер за здравство, Сашо Клековски и докторите кои на социјалните мрежи…

July 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?