Интензивно се работи на трите автопатски делници во Македонија и тоа Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани, објави на социјалната мрежа на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Во следниве 5 минути погледнете како интензивно се работи на 3 автопатски делници:
- Прилеп – Битола
- Тетово – Гостивар (дел од автопат Скопје – Струга – Охрид)
- Гостивар – Букојчани (дел од автопат Скопје – Струга – Охрид)
Напорната работа дава резултати!
Одличната координација помеѓу Премиерот Христијан Мицкоски Министерството за транспорт, ЈПДП и изведувачот Бехтел и Енка ги дава првите резултати, пишува меѓудругото Николоски во својата објава.