Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Розов пикник“ за подигање на свеста за борбата против ракот на дојка денеска во Градски парк
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > „Розов пикник“ за подигање на свеста за борбата против ракот на дојка денеска во Градски парк
ЗДРАВЈЕ

„Розов пикник“ за подигање на свеста за борбата против ракот на дојка денеска во Градски парк

Објавено October 5, 2024 11:07
Сподели
Сподели

Во Градски парк, на „Школка“ денеска ќе се одржи „Розов пикник“ посветен на подигање на свеста за борбата против ракот на дојка, во организација на Здружението „Езра“.

Според организаторите, на настанот ќе се обрати министерот за здравство, Арбен Таравари, како и актерката Весна Бејби Петрушевска.

Организаторите најавуваат дека на настанот ќе има бројни активности, како пилатес час, бесплатни медицински консултации, лотарија и богата музичка програма, а целта, според нив, е да се даде значајна поддршка на пациентите, нивните семејства и пријателите.

-Здружението ЕЗРА активно работи на подобрување на здравствената заштита и обезбедување на поддршка за пациентите. Нашата хумана мисија е водена од личните приказни, кои нè поттикнуваат да бидеме гласни за правата на пациентите и да им помогнеме да не се чувствуваат сами во оваа тешка борба. Ова е повик да застанеме заедно, да го поддржиме животот, да бидеме силен глас за сите оние кои сега се соочуваат со оваа болест и да им помогнеме нивната приказна да успее, стои во соопштението на здружението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ: 100 дена влада, градиме држава за идните генерации со многу нови проекти, инвестиции и мерки кои ќе донесат позитивни промени
Следна Статија Еве каде може да донирате помош за настраданите од поплавите во БИХ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

На Клиниката за гастроентерохепатологија воведени две нови процедури со кои ќе се скрати времето во болница и ќе се овозможи попрецизна дијагностика

На скопката Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија воведени две нови процедури со кои ќе се скрати времето поминато во болница и…

April 1, 2026
ЗДРАВЈЕ

Предупредување за изложеност на мали сипаници на аеродромот во Филаделфија

Одделението за јавно здравство во Филаделфија упатува предупредување до патниците за можна изложеност на мали сипаници на меѓународниот аеродром.

February 17, 2026
ЗДРАВЈЕ

Нема утврдено пропусти при лекувањето на детето од Свети Николе, кое почина на Детска клиника

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) изврши вонредни инспекциски надзори во врска со починатото дете Н.А. од село Пеширово, Општина…

January 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела ќе биде доставен до Влада

Министерството за здравство останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови. -Во…

February 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?